Ден на независноста на Босна и Херцеговина – Прославата започна со подигање на знамето на Хум

March 1, 2025
1 min read

САРАЕВО (АА) – Прославата на 1 март – Денот на независноста на Босна и Херцеговина, почна утрово со подигање на државното знаме на сараевскиот рид Хум, придружено со интонирање на националната химна, известува Анадолу.

На церемонијата присуствуваа претставници од различни нивоа на власта во БиХ.

Прославата на Денот на независноста на Босна и Херцеговина започна со подигање на знамето на Хум.

Граѓаните на Босна и Херцеговина го избраа патот на независноста на референдумот одржан на 29 февруари и 1 март 1992 година. Од 64 отсто граѓани со право на глас кои излегоа на гласање, на прашањето дали се за суверена и независна Босна и Херцеговина, држава на рамноправни граѓани и народи на БиХ – Муслимани, Срби, Хрвати и припадници на другите народи кои живеат во неа, 99,44 отсто гласале „за“.

Референдумот се одржа по препорака на Арбитражната комисија на Меѓународната конференција за Југославија (Бадинтеровата комисија), во завршната фаза од распаѓањето на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ). На референдумот граѓаните на Босна и Херцеговина со големо мнозинство гласаа за суверена и независна Босна и Херцеговина, држава на еднакви граѓани и народи во која ќе ги уживаат сите права и слободи, без каква било дискриминација.

Независноста беше поддржана главно од Бошњаците и Хрватите, додека поголем број Срби го бојкотираа референдумот поради повикот на СДС (Српската демократска партија на Србите во Босна и Херцеговина) да не се гласа на референдумот.

Резултатите од референдумот беа прифатени на 6 март истата година во Парламентот на Босна и Херцеговина.

Референдумот беше пресвртница за Босна и Херцеговина, но и вовед во крвава војна која заврши во 1995 година со потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.

Власта на ентитетот Република Српска го оспоруваат овој ден, па затоа Денот на независноста на БиХ се слави само во ентитетот на Федерацијата Босна и Херцеговина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога

Следно

Тешко повреден малолетник во Тетово откако во него удрило возило, возачот избегал

Latest from Blog

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар
Go toTop