„Ден на кралот Пеле“ ќе се одбележува на 19 ноември

July 2, 2024
1 min read

Бразилскиот државен врв одлучи секоја година, на 19 ноември, оваа јужноамериканската земја да го слави „Денот на кралот Пеле“, во чест на легендарниот бразилски фудбалер.

Денот на сеќавањето на Пеле ќе се одбележува на датумот на кој, според фудбалските хроничари, легендарниот Бразилец го постигнал својот 1.000 гол во славната кариера. Тоа се случи на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, на натпреварот помеѓу Сантос и Васко де Гама во 1969 година. Сантос триумфираше со 2:1, а победоносниот гол го постигна Пеле од пенал.

Во тој момент натпреварот беше накратко прекинат поради бројните навивачи кои втрчаа на теренот за да го прослават јубилејниот гол на Пеле, кој погодокот им го посвети на сите сиромашни деца низ Бразил.

Пеле почина на 29 декември 2022 година на 82-годишна возраст. Во текот на кариерата со Бразил освои три светски шампионски титули.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристова-Јорданова за „24 Анализа: Радев и Мицотакис ја користат својата позиција за да ја уплашат новата влада во Македонија

Следно

Бремената Катарина блесна во црвено: Пејачката покажа како изгледа на многу важен ден

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop