Screenshot

Делфино Мобилити Груп со брендовите SIXT, Geely и Lynk & Co реализираше општествено одговорна иницијатива за побезбеден почеток на 200 првачиња

September 1, 2026
2 mins read

Преку активноста „Безбедно до училиште, среќно во новите авантури!“ компанијата придонесе кон раното градење сообраќајна култура и безбедни навики кај децата

Грижата за заедницата започнува со препознавање на темите што се важни за секојдневието и иднината на нејзините најмлади членови. Водена од определбата општествената одговорност да ја преточува во конкретни и корисни активности, Делфино Мобилити Груп, со брендовите SIXT, Geely и Lynk & Co, ја реализираше иницијативата „Безбедно до училиште, среќно во новите авантури!“ за 200 првачиња во три основни училишта во Скопје.

Иницијативата се одржа во ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Димитар Миладинов“ во Општина Центар, како и во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром. Во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Делфино Мобилити Груп ја насочи активноста кон едукација на првачињата и поттикнување одговорно однесување во сообраќајот уште од најрана возраст.

На првиот училишен ден, претставници на Делфино Мобилити Груп ги пречекаа учениците и им подарија пригодни пакетчиња, а централно место во активноста имаше кратката и практична едукација за безбедно движење на патот до училиште. Претставник на РСБСП, на начин приспособен на возраста на децата, ги потсети на најважните правила што треба да ги применуваат секој ден.

„За Делфино Мобилити Груп, општествената одговорност значи да придонесуваме таму каде што нашето знаење, дејност и присуство можат да создадат реална вредност за заедницата. Како компанија непосредно поврзана со мобилноста, сметаме дека имаме одговорност да придонесеме кон поголема свесност и создавање безбедни навики уште од најрана возраст. Првиот училишен ден е голем момент за децата и нивните семејства, а нашата цел беше радоста на тој почеток да ја надополниме со порака што ќе остане важна и понатаму – секое патување треба да започне со внимание и одговорност“, велат од Делфино Мобилити Груп.

Во рамки на мини-лекцијата „Три чекори до безбедно преминување“, децата научија дека треба да застанат на безбедно место пред работ на улицата, да погледнат лево, потоа десно и повторно лево, и да преминат мирно на пешачки премин само кога е безбедно, кога возилата запреле и кога светлосната сигнализација го дозволува тоа. На овој начин, општествено одговорната иницијатива доби практична и долгорочна вредност, пренесувајќи знаење што децата можат да го применуваат секојдневно.

„Градењето сообраќајна култура започнува од најрана возраст. Кога децата навреме ги учат основните правила и ги применуваат со поддршка од родителите, училиштата и заедницата, создаваме основа за побезбедно движење и за поодговорни учесници во сообраќајот во иднина“, истакнаа од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Едукативниот дел беше дополнет со практична компонента, подароци од Делфино Мобилити Груп потребни за првачињата, распоред на часови во форма на автомобил, обележувач за книга, тетратка и производи од Витаминка а дополнителни едукативни материјали за безбедност во сообраќајот беа обезбедени и од РСБСП, кои ќе ги потсетуваат децата на научените правила и по завршувањето на активноста.

Со иницијативата, Делфино Мобилити Груп, заедно со брендовите SIXT, Geely и Lynk & Co, ја потврди определбата општествената одговорност да ја гради преку активности поврзани со нејзината дејност и со реалните потреби на заедницата, поставувајќи ја безбедната мобилност и како заедничка општествена обврска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Марка“: Меси ќе игра во Интер Мајами уште две години пред да оди во пензија

Следно

Божиновска во Велес: Стручното образование е клучна основа за идниот развој на Македонија

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен

Николоски: Македонија инвестира во енергетска сигурност, инфраструктура и нови работни места

Во 21 век напредуваат државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочи дека Владата води политика насочена кон иднината,

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот
Go toTop