Декември, каде се Уставните измени? Таравари вели не може без ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме со обидите

December 15, 2024
1 min read

Пред 6 месеци кога станаа дел од Владата, но и после тоа, функционерите од ВРЕДИ тврдеа дека ќе се обидат да ги спроведат уставните измени до декември, во спротивно може да го преиспитаат учеството во Владата. Декември дојде, остануваат уште 16 дена до крајот на месецот. Прашањето за уставни измени не е ниту на повидок. Еден од претседателите на ВРЕДИ, Арбен Таравари, повторува дека се посветени на евроинтегративниот пат на Македонија и дека тоа е неспорно, но ништо не може да се направи без ВМРО-ДПМНЕ бидејќи има 58 пратеници во Собранието.

-Не дека дадовме рок, туку инсистиравме, но ова беше првата точка, т.е. европскиот пат на Македонија, но мора да имаме предвид дека со секоја друга комбинација без ВМРО-ДПМНЕ, уставните измени нема да се направат, затоа продолжуваме да се трудиме да го најдеме најлесниот и највозможниот начин за што поскор почеток на преговорите , но да бидеме јасни и да испратиме порака дека ако ВМРО е против, мислам дека ВМРО е ЗА почеток, но ги има условите што ги даде пред изборите. Еден од условите е да се направат уставните измени, но тие да стапат на сила со продолжен рок, изјави Арбен Таравари од коалиција ВРЕДИ.

Премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за европскиот пат на земјата, вчера изјави дека пораките од Брисел не се јасни и се добива впечаток дека Македонија и Западен Балкан во моментов не се во фокусот на ЕУ.

Инаку, во вторник Мицкоски и Муцунски ќе заминат за Брисел каде ќе останат до четврток. Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, на прашањето дали Франција и Германија работат на таканареченото креативно решение со гаранции за деблокирање на евроинтеграцискиот пат, рече дека во моментов има многу дипломатски активности по ова прашање. Според Рокас, процесот на проширување е главен приоритет на новото раководство на Унијата.

Додека да се одржи целата оваа расправа, другиот партнер на Владата, Движењето ЗНАМ, најави дека утре и официјално до сите парламентарни партии ќе достави национална платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Или-Или“ го објави новиот роман „Простување“ на Кица Колбе

Следно

Унгарија го освои третото место на ЕП за ракометарки

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop