Данската премиерка: Трамп не може да ја уценува Европа

January 18, 2026
1 min read

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата закана за воведување нови царини во спорот околу Гренланд, истакнувајќи дека Европа нема да попушти на притисок.

„Ние не ја бараме оваа конфронтација“, изјави Фредериксен за данската новинска агенција Ritzau, додавајќи дека ја поздравува поддршката и сигналите од другите европски земји. „Европа не смее да биде уценувана“, нагласи таа.


Трамп изрази желба за целосно поседување на Гренланд, автономна територија на Данска, и закани со повисоки царини на низа производи кои ќе останат на сила додека Гренланд не се продаде на САД. Во објава на мрежата Truth Social во саботата, Трамп најави дополнителни увозни царини од 10% кои ќе стапат на сила од 1 февруари за стоки од Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Холандија, Финска и Велика Британија – земји кои се согласиле да учествуваат со персонал на НАТО-овата вежба на Гренланд.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состанок во Владата посветен на Реформската агенда

Следно

Фиорентина со голема победа, посветена на починатиот претседател Комисо!

Latest from Blog

Состанок во Владата посветен на Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој присуствувале повеќе министри заедно со премиерот Христијан Мицкоски. -Денеска одржавме состанок посветен на реформската агенда, на кој се разговараше за

Повеќе од 200.000 потрошувачи во Запорожје останаа без електрична енергија по нападот со украински дрон

Повеќе од 200.000 потрошувачи во регионот Запорожје денес се без електрична енергија по нападот со украински беспилотни летала, објави регионалниот гувернер Евгениј Балицки. Во изјава објавена на каналот Телеграм, Балицки рече дека

Премиерот очекува едноцифрен процент на невработеност

Премиерот Христијан Мицкоски очекува првпат во земјава да имаме едноцифрен процент на невработеност, како резултат на активностите што се преземаат со  Реформската агенда. Бројот на невработени,  како што рече денеска во одговор
Go toTop