Данската министерка за европски прашања Мари Бјере во работна посета на Македонија

June 18, 2025
1 min read

Министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Посетата е во пресрет на претседавањето на Данска со Советот на ЕУ.

Бјере ќе се сретне со македонскиот колега, министерот за европски прашања Орхан Муртезани по што е најавена и заедничка прес-конференција. Како што информира Кабинетот на Муртезани, разговорите помеѓу двете делегации ќе бидат фокусирани на европската интеграција на Северна Македонија, на билатералните односи, реформските приоритети и актуелните регионални и геополитички предизвици.

По посетата на Министерството за европски прашања, Бјере ќе замине во македонското Собрание на средба со претставници од Комисијата за европски прашања.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конор Мек Грегор нокаутира човек во ноќен клуб на Ибица

Следно

„Пеколно“ топло – денеска температурите ќе одат до 35 степени

Latest from Blog

Проданоски најави еко-акција за пошумување во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на

Костовски отвора ново поглавје во Бутел: Модерна градинка за 70 деца во Визбегово

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор за обезбедување финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населбата Визбегово, во општината Бутел. Според Костовски, новиот објект ќе се гради
Go toTop