Данската кралица Маргрет по 52 години се откажува од престолот, како монарх со најдолг стаж во Европа

December 31, 2023
1 min read

Маргрета (83) ќе му го предаде тронот на својот син, престолонаследникот Фредерик, а тоа го најави во нејзиниот традиционален говор за новогодишната ноќ, емитуван на данската телевизија

Како изненадувачки потег, данската кралица Маргрета Втора објави дека ќе абдицира од својата улога во почетокот на 2024 година, по владеењето кое трае повеќе од пет децении, пренесува Си-ен-ен.

Фото: EPA-EFE/Keld Navntoft DENMARK OUT

Маргрета (83) ќе му го предаде тронот на својот син, престолонаследникот Фредерик, а тоа го најави во нејзиниот традиционален говор за новогодишната ноќ, емитуван на данската телевизија.

„Во февруари оваа година направив опсежна операција на грбот. Се помина во најдобар ред, благодарение на компетентниот здравствен персонал, кој се грижеше за мене. Неизбежно, операцијата даде повод за размислувања за иднината – дали сега ќе биде соодветно време да се пренесе одговорноста на следната генерација“,

рече таа.

Според неа, одлуката ја донела, како што вели во вистинско време.

„На 14 јануари 2024 година – 52 години откако го наследив мојот сакан татко – ќе се повлечам од функцијата кралица на Данска. Престолот ќе му го предадам на синот престолонаследник Фредерик.

Кралицата Маргрета Втора го презеде тронот на 14 јануари 1972 година по смртта на кралот Фредерик Деветти.

По смртта на британската кралица Елизабета Втора минатата година, Маргрет стана монарх со најдолг стаж во Европа.

„Принцот Фредерик ќе го преземе тронот како Неговото Височество Кралот Фредерик Десетти во јануари,

се вели во соопштението од кабинетот на данскиот премиер.

По состанокот во Државниот совет, премиерот ќе ја прогласи промената на тронот во замокот Кристијансборг.

Кралицата ќе продолжи да ја носи титулата Нејзино Височество по предавањето на тронот.

Кралското семејство на Данска има ограничена улога според Уставот на земјата, а моќта е на парламентот. Монарсите играат важна амбасадорска улога, како и во потпишувањето на новото законодавство.

Според Ројтерс, Маргрете во текот на својот живот уживаше широка поддршка од Данците.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари со лидерите на ЕСП на средба со Курти? – Сите ја чекаат одлуката на АА

Следно

Нова година, нови цени – поскапува паркингот на аеродромот во Скопје

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop