Данска потпишува договор за одбрана со САД

December 20, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Данска ќе потпише одбранбен договор со Соединетите Американски Држави (САД) што овозможува американски трупи и воена опрема да бидат стационирани на данска територија, изјави данската премиерка Мете Фредериксен, јавува Анадолу.

Десетгодишниот договор за одбрана ќе биде потпишан во текот на оваа недела и ќе стапи на сила за околу една година, рече Фредериксен.

Ова се случи откако Вашингтон потпиша сличен договор со Шведска и Финска претходно овој месец.

Договорот ќе стави крај на 70-годишната забрана за распоредување странски војници во скандинавската земја.

„Ова значи дека американските војници и опрема можат перманентно да бидат стационирани на данска територија“, изјави Фредериксен за новинарите на прес-конференција.

Таа додаде дека договорот праќа јасна порака дека Данска и нејзиниот сојузник, САД, заеднички „преземаат уште поголема одговорност за данската безбедност – и тоа е апсолутно неопходно“.

„Целта е: мора да го осигуриме мирот не само сега туку и за генерациите што доаѓаат по нас“, додаде Фредериксен.

Данските власти соопштија дека според договорот во земјата нема да има распоредено нуклеарно оружје и дека на американските војници ќе им биде дозволено да се стационираат во три дански воздухопловни бази.

Договорот, сепак, се соочува со жестоко противење од Енхедслистен, политичка партија во данскиот Парламент, и од некои други политички партии што тврдат дека договорот со САД го компромитира суверенитетот на Данска и потенцијално ја загрозува националната безбедност.

Договорот е одраз на дел од пошироката американска иницијатива за обезбедување воено присуство во Нордискиот и Балтичкиот Регион, објавија локалните медиуми.

Одлуката на Данска, Шведска и Финска да ги продлабочат безбедносните врски доаѓа по војната во Украина и зголемените тензии со Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Срам за човештвото е што славни држави со врзани раце ги гледаат израелските напади врз Газа

Следно

Синдикатот на контролорите на летање не ја повлекува одлуката за штрајк на 25 декември и Нова година

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop