Данска ќе обезбеди пакет воена помош за Украина во вредност од 313 милиони долари

April 17, 2024
1 min read

ЛОНДОН (А) – Данската Влада ќе ѝ обезбеди на Украина нов пакет воена помош од 2,2 милијарди круни (313 милиони долари), објавија денес данските медиуми, пренесува Анадолу.

Средствата ќе обезбедат развој на поморските способности на Украинските вооружени сили, гранати, дронови и производство на ракетни делови во соработка со Холандија и Чешка.

„Во март посетив неколку украински одбранбени компании во Киев и стана јасно дека постои голем потенцијал за идна соработка што може да ја снабди Украина со потребната опрема, што ќе помогне да се смени ситуацијата на бојното поле“, рече министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен во соопштението за медиумите објавено вчера.

Тој истакна дека директните инвестиции во одбранбената индустрија на Киев се нова иницијатива што ќе ѝ овозможи на Украина сама да произведува повеќе воена опрема.

Средствата би можеле да ги поттикнат другите земји да ги следат чекорите на Данска, додаде министерот за одбрана.

Во март нордиската земја му обезбеди на Киев пакет воена помош во вредност од околу 336 милиони долари.

Освен тоа, неодамна Данска одвои 5,8 милиони долари помош за енергетската инфраструктура на Украина, која стана цел на руски напади.

Откако Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година, Копенхаген вети воена поддршка за земјата разорена од војна во вредност од околу 8,4 милијарди долари, што ја прави четврти најголем снабдувач на воена помош за Киев, според германскиот Институт за светска економија Киел, кој ја следи меѓународната помош за Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фон Крамон: Србија да ги ослободи Косовците од граничните премини

Следно

Француската полиција растури импровизиран камп на стотици мигранти во Париз

Latest from Blog

Четири активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека во Македонија има четири активни пожари. Опш. Прилеп: с. Бешиште (приземен во мешана шума) Опш. Македонски Брод: с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки) Опш.

Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК. Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена

На ГП Табановце се чека до половина час

Утрово има зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги
Go toTop