Данска го укинува данокот на книгите за да го поттикне читањето

August 21, 2025
1 min read

Данска планира да го укине највисокиот данок на книги во светот во обид да ги охрабри луѓето да читаат повеќе.


Данокот на книги во Данска е 25 проценти, а владата верува дека таквата политика придонесува за растечка „криза на читање“.

Министерот за култура Јакоб Енгел-Шмит објави дека владата ќе предложи во својот буџетски план да се укине данокот на книги, што ќе ја чини земјата 330 милиони дански круни (44 милиони евра) годишно, објавува „Гардијан“.


Енгел-Шмит рече дека верува оти мора да се преземат ризици за да се стави крај на кризата со читањето што се шири во последниве години.

„Неверојатно сум горд. Не се случува секој ден некој да успева да ги убеди колегите дека толку огромни пари треба да се инвестираат во потрошувачката и културата на Данците“, рече министерот.


Другите нордиски земји исто така имаат стандардна даночна стапка од 25 проценти, но не ја применуваат за книги. Во Финска, ДДВ за книги е 14 проценти, во Шведска е шест проценти, а во Норвешка не се наплаќа.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу: Министерство за здравство ќе формира комисија за стручен надзор од експерти од странство за укажувањата од Кедев

Следно

Меџити: Нови проекти за побезбедна и поубава училишна средина во „Тефејјуз“

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop