Данокот на профит не е клучен за привлекување странски фирми

August 9, 2024
3 mins read

Преку мерка за намалување на данокот на добивка за најбогатите компании, Владата сака да привлече мултинационални компании кои ќе инвестираат во Македонија и со тоа повеќе да се полни државниот буџет.

Најавата дојде деновиве од премиерот Христијан Мицкоски по средба со бизнис заедницата, според изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Планот е Владата да го намали данокот на добивка од 10 на 5 проценти за фирмите кои заработуваат над 50 милиони евра, со цел да дојдат нови мултинационални компании во земјава.

„Тоа ќе значи повеќе ликвидност за македонската економија и повеќе пари по основ данокот на добивка во Буџетот“, рече Мицкоски.

Дел експерти со кои разговаравме веруваат дека оваа мерка може да даде позитивен ефект. Но, други се скептични и сметаат дека успешни фирми не се привлекуваат со ниски даноци.

И сегашните даноци се ниски

Од Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“ велат дека во моментов просторот за намалување на директните даноци на големите компании е ограничен, главно поради тоа што и моменталното ниво на даноци во земјата е ниско, а ефектите од ниски даноци се главно исцрпени.

„Особено нема простор да се оди во насока на регресивности, туку напротив регресивности кои се присутни во системот треба да се елиминираат. Исто така, во процесот на привлекување странски инвестиции, данокот на профит не игра клучна улога, а реинвестираниот профит и во моментот не се оданочува. И претходно имаше идеи дека на фирми како Гугл и Мајкрософт би им се понудил данок од 3 проценти, но нивно доаѓање во Македонија не се случи“, велат од Finanse Think за Радио Слободна Европа.

Според достапните податоци, минатата година само пет компании имале добивка над 50 милиони евра. Тоа се „Џонсон мети“, банките – Комерцијална, Стопанска и НЛБ Тутунска и Јавното претпријатие за државни патишта.

Иако од Владата велат дека измените се уште не се прецизирани, министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на брифинг со новинарите објасни дека измените не се планираат за да им се намалат даноците на фирмите кои веќе работат во Македонија, туку да се привлечат нови, богати компании.

„За разлика од странските инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони, кои 10 години целосно се ослободени од данок на добивка, овие фирми за кои се планира намалување, не мора да имаат производство во земјава, туку само да бидат регистрирани овде привлечени од ниските даноци“, рече Димитриеска – Кочоска.

Бауш – Добро е да се поддржи инвестирањето

Оваа идеја според економскиот аналитичар Абил Бауш може да биде добра преку мотивација на компаниите да инвестираат и реинвестираат во земјава и со тоа повеќе пари да циркулираат во домашната економија.

„Добро е да се поддржи инвестирањето во државата. Тоа подразбира повеќе генерирани пари внатре во економијата, повеќе обрт и со тоа повеќе пари во Буџетот. Бидејќи сите останати сектори во државата ќе имаат повеќе пари во тој синџир на функционирање и сите ќе плаќаат повеќе даноци. На пример, банките ќе даваат повеќе и поповолни кредити на фирми кои ќе инвестираат во сектори како зелена енергија и слично (циркуларна економија)“, вели Бауш.

Сепак, Бауш вели дека Владата треба да го подобри даночниот систем, да ја зајакне културата на оданочување и да ја намали сивата економија која се движи до 38 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма наведе дека ќе обезбеди Македонија да биде меѓу земјите со најниски даноци за фирмите и граѓаните и дека за привлекување на мултинационални компании со нето добивка над 50 милиони евра, ефективната стапка на данокот на добивка ќе биде 5 проценти.

Но, од партијата наведуваат дека нема да носат ад-хок решенија и дека измените на законите ќе подлежат на широка јавна дебата.

Лазовски – Буџетот нема да се полни

Економскиот аналитичар Славко Лазовски од Центарот за даночна политика е скептичен во однос на мерката, велејќи дека од една страна ниските даноци не се привлечни за успешни светски компании, а од друга дека земјите на Европска унија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) фокусот го ставаат на повисоки даноци на данокот на добивка.

„Сметам дека Буџетот нема да се полни повеќе ако им се намали данокот на големите компании. Тоа ќе бидат загубени приходи, а таквите решенија се штетни за самите компании. Само преку зголемување на данокот се создаваат можности за остварување на поголеми доходи, а компаниите се тие кои се најспособни да дојдат до поголеми доходи“, вели Лазовски.

ОЕЦД предвидува данок од најмалку 15 отсто

Македонија има усвоено легислатива која предвидува данокот на компаниите да биде најмалку 15 проценти според правилата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), посочува Лазовски.

Според него во земји како Германија има најмногу странски инвестиции бидејќи имаат најдобро даночно уредување, слично како Италија и САД.

„Данокот на добивка е клучен и е наречен „кралица на даноците“ бидејќи спаѓа во таканаречени големи даноци. Тие се стожерот на даночниот систем, така е во богатите економии на развиените земји. Ние почнавме да одиме надолу со тоа што ќе привлекуваме странски компании ако го намалиме данокот, што апсолутно не е така. Сериозна компанија не е мотивирана со намалување на данокот. Сериозни компании сакаат други услови за нивно успешно работење во било која земја“, вели Лазовски.

Според програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата треба да создава предвидливо даночно и регулаторно оданочување „како еден од најзначајните предуслови за водење бизнис.

Претходната Влада предводена од СДСМ се залагаше за прогресивен данок на доход, што значеше дека оние кои имаат поголеми добивки да плаќаат повеќе. Тоа беше воведено во 2019 година, но беше укинато за една година.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најсвежо во Лазарополе, најмногу дожд во Пожаране

Следно

Смртоносните моменти во 25-те години владеење на Владимир Путин

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop