Даниела Алексовска во финалето на Европското ММА Првенство

February 21, 2025
1 min read

Македонската ММА федерација продолжува да испишува историја на Европското ММА Првенство. По доминантната победа на Даниела Алексовска над Рути Росмарин од Израел, Македонија повторно ќе има свој претставник во големото финале.

Алексовска ќе се бори за златниот медал на 22 февруари 2025 (сабота) во 18:20 часот, каде ќе се соочи со Анастасиа Хородивска од Украина – актуелна вицешампионка на Светското ММА Првенство 2024 во Узбекистан. Веќе носителка на сребрениот медал од минатото Европско првенство, Алексовска повторно се избори до шанса да се закити со злато и да го запише своето име во историјата на македонскиот ММА.

Овој успех доаѓа по историскиот златен медал што го освои Марко Трајановски во машката категорија, со што Македонија веќе го потврди својот статус на сила во европскиот ММА.

Финалниот дуел е од огромно значење, не само за Алексовска, туку и за македонскиот спорт, кој продолжува да напредува на најголемите меѓународни натпреварувања.

„Мојот тим(Д Стронгест Скопје) е мојата најголема инспирација и се обидувам да ја направам мојата земја горда. Би било прекрасно ако успеам да го донесам второто Европско злато за Македонија – ќе дадам сѐ од себе!“ – Даниела Алексовска.

Финалето ќе се одржи на 22 февруари 2025 (сабота) и ќе може да се следи во живо на Arena Fight каналите и IMMAF.TV.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот претседател Венс: Украина „немаше да постои без великодушноста на САД“

Следно

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop