Даниел Димевски останува прв човек на МОК

February 8, 2024
1 min read

Даниел Димевски доби нов мандал и ќе биде претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во следните четири години. На денешното редовно изборно собрание, одржано во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, имаше кворум (45 присутни делегати од вкупно 61) и се гласаше по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател.

Димевски доби доверба со 45 гласа ЗА, осум ПРОТИВ и два ВОЗДРЖАНИ и ќе го води македонското олимписко движење најмалку уште четири години. Иницијативиот одбор за смена на Даниел Димески вчера организираше собрание, на кое точка на дневниот ред беше и доверба на претседателот, но заради недостиг на кворум, собранието не се одржа.

Претходно, Димевски и МОК најавија дека Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) ќе ги признае само кандидатурите на редовното собрание. Сите овие превирања предизвикаа голема збрка, која заврши вечерва со резибророт на Димевски.

На 29 октомври 2020 година Димевски беше избран за прв човек на олимпиското движење и по 28 години го симна од претседателската фунцкија Васил Тупурковски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на министерот за внатрешни работи Тошковски со амбасадорот на Европската Унија Н.Е. Дејвид Гир

Следно

„ЌЕ ПЛАТАТ СИГУРНО“: Се огласи Неда Украден откако Шпанија ја украдоа нејзината песна која ја праќа на Евровизија – на сцената мажи во танга играат голи! (ВИДЕО)

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop