Данела Арсовска најави фељтон со „докази за криминал“, тврди дека институциите молчат, а градот постапувал веднаш

May 25, 2025
1 min read

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на Фејсбук најави дека од утре ќе започне со објавување на фељтон во кој, како што вели, ќе бидат презентирани „сите од наша страна констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази“ – за кои, според неа, надлежните институции сè уште не преземаат ништо.

„Во три години спречивме над 150 обиди за незаконски легализации на дивоградби“, напиша Арсовска.

„Ќе покажеме дека Градот постапувал веднаш, а некој друг си тера како и до сега. Нема повеќе простор за филозофирање и празна реторика“, порачува Арсовска, најавувајќи дека објавите ќе следуваат една по една, со конкретни податоци и документи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карго брод што превезувал опасни материи потона во близина на јужниот брег на Индија

Следно

Израелската армија уби 1.580 здравствени работници во Газа од 7 октомври

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop