Дамјан Стојановски стави крај на репрезентативната кариера

February 24, 2025
1 min read

По две децении минати во македонскиот националниот дрес Дамјан Стојановски вечерва официјално стави крај на својата репрезентативна кошаркарска кариера.

Капитенот на актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром се збогува со националниот дрес пред вечерашниот дуел на Македонија против Полска во рамки на завршното коло во групата Х во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025.

Пред натпреварот во СРЦ „Кале“ раководството на македонската Кошаркарска федерација на Дамјан Стојановски му подарија врачен дрес со бројот 19.

Дамјан Стојановски дебитираше за Македонија пред 20 години и беше дел од генерацијата која на Европското првенство во 2011 година го освои четвртото место. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ вели дека Мицкоски го потврди робусниот скандал: Има списоци за вработување на партиски послушници

Следно

Ѓорѓиевски во 24 анализа: Не требаше да има стигматизација на маркетите, кога ќе се заврши забраната повторно ќе треба да се разгледуваат цените

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop