Дамева сака соработка, а не соперништво со Владата

August 20, 2024
1 min read

Судската и извршната власт не треба да се гледаат како соперници, туку напротив треба да се гледаат како соработници затоа што таа институционална меѓусебна соработка е многу важна за наредните чекори, наредните резултати се со цел враќање на довербата кај граѓаните. Граѓаните заслужуваат, а ние сме доследни да обезбедиме неселективна правда во државата, а тоа може да се спроведе исклучиво со меѓуинституционална соработка со цел детектирање на слабости во одредени институции, а потоа нивно преземање во рамки на своите надлежности.

Ова денеска го изјави претседателката на Судскиот совет Весна Дамева по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.

Според Дамева, средбата била иницирана од Судскиот совет во врска со јавниот повик од премиерот Мицкоски за, како што рече, да дадеме конструктивни предлози во однос на функционирањето на судството и враќање на довербата кај граѓаните.

– Целосната имплементација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија зависи и од заложбите кои сите ние ги имаме. Судскиот совет веќе ги имплементира тие препораки и како главен патоказ за Судскиот совет се препораките ноторани во Извештајот на Оценската мисија и сметам дека тие треба да бидат во насока на успешно спроведување на реформскиот процес, рече Дамева.

Таа изрази надеж дека дека денешната средба е првиот чекор кон унапредување на оние, како што рече, детектирани слабости во судството и длабоко сум убедена дека понатаму таа соработка ќе вроди со плод, со успешни резултати врз основа на спроведени активности.

– Граѓаните заслужуваат да имаат правда, нагласи Дамева.

Претседателката на Судскиот совет не одговори на новинарските прашања за денешната средба и ги повика медиумите во Судскиот совет, каде, како што рече, ќе ги добијат сите одговори.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Перински: Три катастрофи го имаат погодено Скопје, Пиколомини, зејотресот во 1963 и Арсовска

Следно

Мицкоски: Остануваме на ставот за за распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким
Go toTop