Дали стварно канселираа и зачин?

January 24, 2024
1 min read

Изминатите неколку години, во име на зголемување на свеста за колонијалните истории или расистичките конотации на одредени имиња, се преименуваа знаменитости и се уриваа статуи. Откако „Black Lives Matter“ стана трендовско движење по смртта на Џорџ Флојд во 2020 година, почна отстранување споменици и преименување улици и училишта поврзани со личности од минатото, вклучени во ропство и колонијална експлоатација, расизам, сексизам, мексизам…

Во Англија, „Black Boy Street“ беше преименувана во „La Rose Lane“, во САД паднаа имиња и статуи на низа конфедерални генерали и државници поврзани со ропството.

Амстердам сака да е уште понапред.

На улица во еден нов резиденцијален кварт ќе го менува планираното име „Nootmuskaatstraat“ („Улицата на морско оревче“), поради блиските врски на зачинот со колонијалното минато на земјата. Тоа е прва кампања која не таргетира поединец туку конкретен производ, тоест зачин (овдешните „активисти“ до кога ќе толерираат црн бибер?).

Во објаснувањето се наведува дека трговијата со морско оревче била многу битна за некогашниот холандски трговски гигант од ерата на колонијализмот.

Дури и амстердамските прогресивци сметаат дека ова е „премногу разбудено“, пренесува Ворлдкранч.

По ново, улицата ќе се вика „Улицата на ренот.“ Дур не му најдат некој идеолошки баласт и на лутиот корен.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кај кумановец пронајден хероин

Следно

Столе Димитриевски пред продолжување на договорот со Рајо Валјекано

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop