Дали сте чуле за „лудиот мед“? Велат дека го спушта притисокот, го забрзува пулсот и успива, но сепак – внимавајте!

November 9, 2025
1 min read

Во турскиот црноморски
регион и во планинските предели на Непал постои мед што има речиси митска
репутација – „дели бал“, што буквално значи „луд мед“. Пчелите го произведуваат
од цветовите на виолетовиот рододендрон, растение чиј нектар содржи природен
токсин наречен родотоксин.

Само
една лажица може да предизвика благо успивачко дејство, но ако се претера –
лесно може да се заврши во болница. Сепак, локалното население овој мед со
векови го користи како народен лек: една лажичка дневно наводно го намалува
крвниот притисок и
дејствува
како природен афродизијак. Денес се продава по висока цена, но американската FDA предупредува
дека може да предизвика мачнина, вртоглавица и пад на притисокот.

Една кошница содржи и до 60 килограми нектар. Годишно се собираат околу десет тони,
но цената е висока. Секоја сезона двајца до тројца собирачи гинат од паѓање или
од илјадници убоди. Медот најчесто оди во Кина и Јапонија како афродизијак,
додека на црниот пазар во Катманду еден килограм достигнува цена од 350 евра.

Една лажичка на празен стомак,
испиена со топла вода и ѓумбир – тоа е дозата што локалците ја нарекуваат
„рекреативна“. По отприлика еден час се јавува еуфорија, опуштање на мускулите,
притисокот паѓа, а пулсот се забрзува.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватска наскоро целосно ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата

Следно

ВЛЕН: Гласачите решија – Времињата на ДУИ се минато

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop