Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во 2021 година храбро изнесуваше инсинуации, лаги и невистини во јавноста во врска со т.н. случај „Делчевски ниви“ којшто властите го креираа да го нарушат кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ и директно угледот и интегритетот на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Ширењето лажни вести и невистини за наводни притисоци кон пратеникот беше всушност одбрана на криминал. Јавно прашаме дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски? Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Очекуваме одговори и од Мицкоски: каква е неговата поврзаност со овој скандал“, изјави на прес конференција од пред штабот на Бихачка, високиот партиски функционер на СДСМ, Славјанка Петровска.
Сега откако надлежните органи го отфрлија овој случај поради тоа што нема никакви докази за сторен криминал, прашањето е дали поради ширењето на лаги и невистини Славјанка Петровска ќе се извини на ВМРО-ДПМНЕ, на претседателот Мицкоски како и на целокупната македонска јавност што потхранета со пропагандата на провладините медиуми сакаше да внесе заблуда во државата додека владата во која таа е еден од најистурените членови ја турка Македонија се подлабоко во калта на сиромаштија, несигурност и криминал и корупција.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.