Дали регулацијата на криптовалутите ќе придонесе за перење на „црните“ пари? Одговара Симов

January 22, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор Орце Симов вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека во делот на регулацијата на криптовалутите, мора да ги следиме примерите на развиените земји, а како пример ги даде САД.

„Тие уште во 2013 година ги препознаа како виртуелни пари и во нивниот систем веќе тие криптовалути се третирани со термин виртуелни пари. Ние треба да ги следиме нивните примери, едноставно да го земеме начинот како таму е регулирано и со некои минимални измени да го прилагодиме на нашите услови“, вели Симов.

Во однос на перењето црни пари, Симов вели дека трансакциите од адреса на адреса во крипто светот се запишани во отворена база на податоци која ја поседуваат сите корисници.

„Таму можат да се видат сите трансакции што се случувале од почетокот на функционирање на одредена криптовалута па до сега“, вели Симов.

Како што вели, постои можност органите да видат тие крипто средства на која адреса се наоѓаат и од каде потекнуваат.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Радев- Лајчак: Се надевам дека Mакедонија ќе покаже политичка волја и ќе го отвори патот кон ЕУ

Следно

Убиен познат поранешен полски боксер

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop