Дали Америка би размислила да го елиминира Путин?

August 1, 2024
1 min read

Преседани има, повод има а и САД веројатно се подготвени за тоа, барем од техничка страна. Она што не оди во нивна корист е зошто да го направат тоа во случајот со Путин, кој ако ништо друго по 2,5 децении владеење веќе е станат предвидлив за американските власти и аналитичари.

Како што објаснува поранешниот функционер на ЦИА, Даглас Лондон, во текстот за Форин полиси, американските власти преферираат статус кво кај предвидливите непријатели.

„Промената на режимот не работи во корист на американските интереси. Соборувањето на Садам Хусеин во Ирак беше сериозен фактор кој придонесе кон Арапската пролет, а нејзиното влијание продолжува да се чувствува низ Блискиот исток како што тоа се гледа од нерешените граѓански војни во Либија, Сирија и Јемен, како и низ политичката стабилност во Египет и Тунис,“ пишува Лондон во текстот за ФП.

Окупацијата на Ирак од страна на САД доведе до подем на ИСИС, а промената на власта во Авганистан, значеше само 20-годишно трошење човечки животи и неброени пари за на крај Талибанците пак да се вратат во Кабул.

Склоноста кон статус кво е дополнително засилена и од тоа што Русија има нуклеарки, а дури и САД најсовршено да ја изведе елиминацијата и таа на никој начин да не може да се поврзе со Вашингтон, прашање е колку се сигурни американските власти дека следниот лидер на Русија ќе биде постабилен или помалку непријателски настроен.

Разгледувајќи ги опциите за внатрешно разгнојување на власта на Путин, Лондон пишува дека сите важни позиции ги држат екс-КГБ луѓе кои децениски соработуваат со Путин. Трите организации кои имаат најголем капацитет да кренат рака на Путин, според Лондон се ФСБ, Националната гарда, и претседателското обезбедување во рамките на Националната гарда.

Откако ги анализира раководителите на трите организации, Александер Бортников на ФСБ, Виктор Золотов на Росгвардиа и Дмитри Викторович Кочнев, кој раководи со 50 илјадното претседателско обезбедување, Лондон заклучува дека никој од овие тројца не би посегнал по Путин, а и тие што теоретски се во најдобра позиција да го направат тоа, немаат капацитет да напредуваат кон преземање на власта.

„Доколку Путин е убиен во странство, без разлика на доказите, старата гарда најверојатно ќе ги обвини САД и тоа ќе го искористи како мотив за консолидирање на моќта и поддршката од јавноста. А споделувајќи ја паранојата на Путин за егзистенцијалната закана од Западот, останува кредибилен ризикот дека тие ќе се одмаздат воено, директно и со мала веројатноста за воздржување. Верувајќи дека не се безбедни, тие најверојатно ќе притиснат и дома на беспоштеден начин, кој би можел да ја распламти долго потиснуваната револуционерна енергија меѓу народот, што би можело да ја фрли, големата, нуклеарна сила во хаос,“ смета  Лондон.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Управните служби и утре ќе ги издаваат готовите лични документи на граѓаните

Следно

Мексико го собори рекордот за најдолг торта-сендвич во светот

Latest from Blog

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј

Божиновска: Соработката со KfW отвора можности за нови енергетски проекти

Новите енергетски проекти, напредокот на тековните активности и можностите за експертска и финансиска поддршка беа теми на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската

Општина Битола: Со јапонска поддршка унапредена училишната инфраструктура

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра. Донацијата придонесува за подобри и

Го фати Јамал за врат, два пати го удри со глава, а сега ја дозна казната (Видео)

Факундо Бернал е фудбалерот на Бетис кој не го дочека крајот на дуелот против Барселона, откако беше исклучен во второто полувреме. Уругвајскиот интернационалец падна на провокацијата и потоа го нападна Ламин Јамал,
Go toTop