Да не ги има некој видено британските тенкови во Украина?

August 14, 2023
1 min read

Главни актери од украинска страна, и во нивните и во руските извештаи, се германските Леопард 2 и американските Бредлија кои најголемо внимание добија во поразите што ги претрпеа на фронтот.

„Она што допрва треба да го видиме, барем од независни извори, е каков било доказ за Челенџер 2 во акција. Тие секако можеби до сега успеале да преживеат недопрени, но чисто се сомневам. Тие се идентично ранливи на мини и дронови како оние што уништија некои од Леопардите,“ пишува британскиот потполковник, Стујарт Крафорд.

Крафорд објаснува дека веќе во јавност има снимки од други британски борбени возила како Алвис стормер кој носи ХВМ проектили „и се покажа успешен против руските хеликоптери“ и оклопниот Мастиф од кого има уништени примероци на военото поле.

„Но се уште нема никаков знак од Челенџер 2. Репортерот на Би-би-си од Украина, Џонатан Бил, неодамна на Твитер напиша дека прашал двајца украински генерали задолжени за операциите, каде се наоѓаат тенковите и тие му одговориле дека се уште ги немаат. Мора да се на некое друго место, се уште да не се распоредени,“ пишува Крафорд.

Тој признава дека ова ништо не значи бидејќи тенковите може да се дел од единиците кои се уште не се извадени на фронтот, дополнувајќи подоцна дека добил информација дека тие се на обука со падобранските формации, кај кои исто така се распоредени и американски Страјкер и германски Мардер, кои исто така се уште не се видени во борба.

Порачувајќи дека не треба да се залажуваат дека 14 Челенџери нешто значително смениле во украинските воени капацитети, Крафорд се врти и кон слабостите на својата армија:

„Треба да запаметиме и дека британската донација го намали нашиот патетично мал број на тенкови кои можат да бидат распоредени на 134, плус уште едвај една дланка други кои се на обука или на тестирање. Ова е далеку премалку за држава која сака да биде признаена како регионална (европска) воена сила, а да не зборуваме за глобална.

Треба да гледаме да имаме флота од околу 500; сè што е помалку од тоа и нашите оклопни единици нема да бидат доволни за тип на војна каква што гледаме во Украина.

Како што напишав и претходно сегашните 134 тенкови може да ни траат една седмица, ако имаме среќа.

Работите нема да се подобрат ни кога Челенџер 3 ќе ги замени нашите постари тенкови. Планерите размислуваат за флота од 148 тенкови кои би можеле постепено да влегуваат во служба по 2027, иако искуството покажува дека е многу поверојатно тоа да е 2030,“ порачува британскиот потполковник.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин во Вевчани

Следно

(ФОТО) Плоштадот „Скендербег“ претворен во ѓубриште по синоќешната прослава за годишнината од Рамковниот договор

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop