ДА ЈА ПОТТИКНЕМЕ УМЕТНОСТА ДА ЕДУЦИРА ЗА ДА МУ ПРКОСИМЕ НА КИЧОТ, РЕЧЕ ВИОЛИНИСТОТ КОСТОВ НА ОТВОРАЊЕТО НА ОХРИДСКО ЛЕТО

July 13, 2024
1 min read

Важно е да ја препознаеме силата на уметноста и да ја поттикнеме да ја шири својата есенција, да едуцира, да создава здрав звучен амбиент кој ќе му пркоси на шундот и кичот, рече виолинистот Владимир Костов на синоќешното отворање на 64. Охридско лето во Антички театар, пренесувајќа ја пораката во име на уметниците.

„Креативност не значи да бидеш различен, ниту комплексен. Креативност значи да бидеш едноставен како Бах, восхитувачки едноставен во лавиринтот на комплексната звучна полифонија. Справувајќи се со комплексноста на современиот свет, да не ја заборавиме важноста на уметноста во нашите животи. Да ги поддржуваме и славиме уметниците, да инвестираме во уметничката едукација и да бидеме сигурни дека уметноста ќе остане длабоко интегрирана во нашето општество“, рече Костов, концерт-мајстор во Филхармонијата.

Фестивалот го отворија литванскиот виолинист со светска кариера Џулијан Рахлин и Филхармонијата.

На програмата беа Концертот за виолина и оркестар во е-мол оп. 64 од Менделсон и класичната Увертира-фантазија „Ромео и Јулија“ од Чајковски. (Фото: Охридско лето)

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е и покровителка на фестивалот, прогласувајќи го за отворен, рече дека во музиката и во играта се вградени личната и колективната тага и радост, стремежот и надежта.

„Тука се изворот и причината за нашата страст кон пеењето и играњето. Уметноста е трезор на индивидуалната, но и на колективната меморија, влог во сегашноста, но и во иднината“, рече Сиљановска-Давкова.

Фестивалот го отворија министерот за култура Љутков и претседателката Сиљановска-Давкова. (Фото: Министерство за култура)

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кажа дека  Охрид и фестивалот Охридско лето, беа и остануваат епицентар на македонската култура во кој децении наназад се испреплетуваат илјадници културни збиднувања и настани.

Охридско лето ќе трае до 2о август, ќе има 36 уметнички настани, од кои 25 од областа на класичната музика, шест театарски претстави, едно стенд-ап шоу и по една изложба и промоција на книга.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Редовен годишен одмор за подолг живот

Следно

Отфрлено обвинението за убиство против Алек Болдвин, судењето е прекинато

Latest from Blog

Косово забрани хиџаб во училиштата

Судот ја отфрли тужбата поднесена од Мрежата за професионален развој на жените „Арита“ против одлуката, објавува Klix.ba. Судот ја потврди надлежноста на Министерството Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење хиџаб во

Тројца мртви, осум исчезнати во лавина во Непал

Тројца алпинисти, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа, а осум други се водат како исчезнати откако лавина погоди експедиција на хималајски врв во Непал, соопшти полицијата во понеделник. Петмина странци се

Битола трчаше во чест на слободата – Тони Коњановски: Со спорт и заедништво го одбележавме 4 Ноември, Денот на ослободувањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на 67-та традиционална ноќна атлетска трка, која секоја година се одржува во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. „Повеќе од шест

Супермесечината в среда ќе биде најблиската и најсветлата во 2025 година

Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината
Go toTop