Д-р Гавриловска-Брзанов: Трансплантацијата е комплициран и сложен процес со мултидисциплинарен пристап и тимска работа каде минути и секунди се во прашање

January 11, 2025
2 mins read

Д-р Александра Гавриловска-Брзанов, заменик национален координатор за трансплантација во емисијата “Добриот доктор” говореше за потребата од трансплантација, односно орган.

-Трансплантацијата е потребна на сите пациенти кои имаат крајни, тешки оштетувања на органи кај кои веќе конвенционалната медицина и сите методи на лекување и третман се исцрпени. Значи тоа се пациенти кај кои нивниот орган веќе не функционира и каде најдобро би било да се замени со нов. Постојат ситуации во кои кога органот не функционира, напредокот на техниката, напредокот на медицината даваат една нова можност, на пример како што се кај пациентите кои имаат бубрежни заболувања и кои би можеле да ги одржуваме во живот со помош на машини и апарати кога два, три или четири пати неделно ги ставаме на машини каде треба да се исчисти нивната крв.

Со трансплантација би се подобрил премногу нивниот квалитет на живот и повеќе би придонеле во заедницата и општеството. Меѓутоа, за жал постои оштетување на органи каде сепак техниката и развојот на медицината немаат толку голем напредок да можат да опстанат во живот тие пациенти кога единствениот спас за овие луѓе е всушност замена со нов орган, а тоа во моментов го нуди трансплантационата медицина, како што е за пациентите со заболување на црниот дроб, пациентите со заболување на срцето каде мора да направиме трансплантација – појасни д-р Гавриловска-Брзанов.

Таа се осврна и на постапката за трансплантации од починат донор.

– Постапката е прилично комплициран и сложен процес кој бара еден мултидисциплинарен пристап и тимска работа, затоа што некогаш се минути и секунди во прашање кога ние треба да го завршиме целиот процес.

Најнапред мора да имаме докажана мозочна смрт кај пациентите, посочи таа појаснувајќи што тоа значи.

– Имаме биолошки, медицински и правно починат пациент.
Тоа значи неговиот мозок не функцуонира и е веќе мртов. А се знае дека од таму доаѓаат сите сигнали за да функцуонира неговиот организам, посочи таа и додаде дека благодарение на напредокот на медицината, технологијата и новите апарати тие се токму тука во можност, кога има докажана мозочна смрт и починат пациент со помош на одредени апарати да ги одржат останатите органи кои може да спасат живот на останатите луѓе.

– Кога е во прашање на пример белиот дроб ја уклучуваме машината за вештачко дишење или механичка вентилација.
Ова се најчесто многу болни и тешки пациенти со изолирана неуротраума, па така од самиот старт на нивното лекување се прави потпора на сите овие останати органи кои понатаму доколку се здрави од починатиот донор може да ги земеме во предвид за останати пациенти. Во целиот процес кога ќе се дијагностицира постапката на мозочна смрт, кога ќе се потврди со сите тие клинички, медицински тестови кои се одредени со законска легислатива одредени, ние веќе настапуваме да ги одржуваме останатите органи кои може да спасат живот на други пациенти, но и тука тоа е со ограничено време, само 24 или 48 часа кога сме во трка со времето односно да дадеме потпора на се останато, за да може евентуално од тие пациенти останатите органи да се одржат здрави, заклучи д-р Гавриловска-Брзанов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден в среда ќе го одржи својот проштален говор од Овалната соба во Белата куќа

Следно

Неделковски забранил маркетинг тимот на Вардар да влезе во клубот, Комити на протест

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop