Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

February 8, 2026
1 min read

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што се покажа како неточно, експерти предупредуваа дека тоа не треба да се стори.

Така, д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија, на  9 септември 2015 година, изјави:

„Употребата на маслото од канабис секако дека има позитивни страни, но како токсиколог мојот личен став е негативен. Од искуството со зависниците од дроги што го имам на Клиниката за токсикологија, најодговорно тврдам дека најголем дел од зависниците од хероин или други тешки дроги, прво почнале со употреба на марихуаната, па потоа поминале на потешки дроги. Второ, сметам дека во моментов државата нема да може докрај квалитетно да го контролира увозот и производството на маслото од канабис и сметам дека ако сега се легализира, ќе има повеќе злоупотреба, отколку корист”, истакна д-р Чибишев во изјава која тогаш ја објавува „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

Денеска, тој потсетува на оваа негова изјава и за МИА додава:

-Тогаш, категорично бев против легализација на марихуаната и предупредував дека ние како општество не сме во состојба тоа да го менаџираме. По 10 години се покажува дека сум во право. Невиден криминал! – вели токсикологот д-р Чибишев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шокантно откритие: Советник на министер влијаел на обвиненија, тврди обвинителката Кадриу

Следно

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop