Црн професор заробен во анти-расистички пекол

March 24, 2023
3 mins read

На шест неделен летен семинар на престижната организација Телурид, професорот Винсент Лојд се сретнал со група 17 годишни студенти и студентки. 12-мина на број, тие биле одбрани после ригорозна селекција која во просек успеваат да ја минат само 3% од апликантите. Некои од САД, некои од странство; девојка од Кина првпат имала дојдено во Америка но имала совршен акцент. Меѓу другото, освен материјалот за семинарот, групата се учела и на самоуправување па требало сами меѓусебе да се организираат

Првите денови, студентите биле онакви какви што можело да се очекува од таква група. Главно воздржани но љубопитни и расположени.

Четири недели подоцна, повторно седнав пред групата. Сега нивните лица беа ладни, погледите спуштени. Уште после првата недела, не забележав ниедна насмевка. Претходната недела, групата реши да исфрли двајца студенти од нивната куќа. Јас бев следниот“, сведочи професорот и директор на Центарот за политичка теологија.

Младите семинарџии почнале да рецитираат рефрени за анти-црнечко насилство, за микро-агресии на професорот, вклучувајќи го и неговиот говор на телото, за тоа како дискриминирал црни студенти….

Само да потсетиме на насловот – професорот Винсент Лојд е црнец. Тој ги води и црнечките студии на неговиот универзитет, има водено анти-расистички работилници, живее во доминантно црно маало во Филаделфија, ќерка му оди во афро-центрично училиште….

Бадијала.

Од шесте недели од курсот, четири биле посветени на анти-црнечкиот расизам, а по една недела на анти-имигрантскиот расизам и на расизмот против  домородното население. Под лидерство на девојката која му била асистентка, студентите дошле до заклучок дека оние 4 недели се малку!

Инаку, Асоцијацијата Телурид не е особено звучна но игра важна улога во обликувањето на американската елита. Низ неа минале идеолошки разновидни авторитети: од квир теоретичарката Ева Седвик до неоконзервативци од калиброт на Пол Волфовиц и Франсис Фукујама.

Атмосферата се сменила во БЛМ времето и протестите за случајот со Џорџ Флојд, кога група црни студенти извршиле притисок Асоцијацијата да го преиспита „расизмот кој е вграден во самата организациска култура.“ За да им удоволат, Телурид понудил семинари со наслов „Црни критички студии“ и „Анти-опресивни студии.“

На почеток, сите студенти живееле заедно сè додека во 2022, оние кои посетуваат „Црни критички студии“ не побарале да бидат издвоени од другите и да имаат свој „црн простор.“

Спомнатата асистентка на професорот Лојд решила во попладнињата, наместо дружење, забава и слободни активности, да организира ворк-шопови за белата супремација, белите привилегии, движењето за африканска независност и нешто што го викала „трансформативна правда.“ На почетокот студентите велеле дека таквите шопови емотивно ги исцрпуваат бидејќи биле принудувани меѓусебе да се конфронтираат на начини на кои не биле навикнати.

Без разлика што била тема на дискусијата, постоеле фиксни догми:

– не постои хиерархија во опресијата, освен во случај на анти-црнечката опресија која е класа за себе.
– верувај им на црните жени.
– затворот никогаш не е проблем.
– сите нецрни луѓе, а и многумина црни, се виновни за анти-црнечките сентименти.
– не постои излез од тие сентименти.

Од оној воркшоп за „траснформативна правда,“ студентите научиле да „пуцнат со прстите“ ако се согласуваат со нечие мислење. Оваа пракса веднаш била претворена во оружје. Ако некој студент пројавил контроверзно или макар невообичаено мислење, наидувал на молк. После него, некој друг студент ќе почнел да ги декламира оние познати анти-расистички фоскули и –  цела сала пуцкетале со прстите. 

На работилницата за антирасизам, на нецрните студенти им било дадено до знаење дека треба да се фокусираат на црните гласови – и да замолчат. Асистентката се пожалила дека ова било особено тешко да го сфатат двајца азиско-американски студенти, но дека се трудела околу нив. На крајот, двајцата студенти биле исфрлени од програмата од причини кои, како што рекла асистентката, не може да ги сподели со професорот.

За време на дискусијата за одење в затвор,  азиско-американски студент ја навел демографијата на федералните затвореници: околу 60 отсто од затворените се белци. Црните студенти веднаш се побуниле дека ова ги навредува. На една од нивните работилници научиле дека објективните факти се алатка на белата супремација.

После неделата фокусирана на ужасните насилства и неправди кон американското домородно население, асистентката го известила Флојд дека црните студенти се навредени поради недостаток на фокус на анти-црнечките неправди. Кога ја потсетил дека имале 4 недели за таа тема, му рекла дека чувствата им се ургентни и мора веднаш да бидат адресирани.

Под влијание на асистентка, студентите почнале да бараат и професорот прво да им ги каже наравоученијата, па дури потоа да чита текст кој бил предвиден со програмата.

„Студентите кои бараа слобода, и за себе и за сите други, почнаа да мислат дека единствениот пат до таа слобода е индоктринацијата, односно јас да им кажувам што треба да мислат,“ пишува Лојд.

Откако бојкотирањето на професорот станало упадливо а обвинувањата без крај (на пример дека намерно грешно кажал некое име), Лојд ѝ пишал на управата за проблемите. Овие одговориле дека го почитуваат „самоуправувањето“ и одбиле да интервенираат, сугерирајќи му дека ако смета дека атмосферата е премногу токсична, да го прекине ангажманот.

Тоа и го сторил. Откако дигнал раце од разбудената асистентка и изманипулираните студенти, тројца студенти кои претходно го напуштиле семинарот (двајца затоа што биле избркани а третиот заради проблем со визата), директно го контактирале и го замолиле да им ги заврши предавањата.

*извор

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сунак и Нетанјаху разговараа за судските реформи во Израел

Следно

Вечерва во 360°: С Македонија ѝ донира 12 хеликоптери на Украина и купува 8 нови

Latest from Blog

Таеквондистот Дејан Георгиевски се враќа со сребрен медал од Г1 Светскиот куп во БиХ

Сребрен медал освои македонски таеквондист Дејан Георгиевски од Босна и Херцеговина Опен Г1. Нови вредни бодови за Георгиевски на патот до обезбедување норма за учество на следните Летни олимписки игри во Лос Анџелес 2026.

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на
Go toTop