Чурлинов: Не е важна Белгија, туку како ќе одигра Македонија

June 5, 2025
1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија в петок, со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за Светското првенство, a противник е селекцијата на Белгија.

За Белгијците ова ќе биде прв натпревар во тековните квалификации, што отвора прашање дали нивната натпреварувачка „премиера“ може да претставува предност за нашата селекција.

Но, за македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, тоа не е тема на дискусија. Тој порачува дека против кого и да играат, македонските репрезентативци го даваат максимумот.

„Зад мене е добра сезона, имав добра минутажа, а сега е време да се сконцентрираме на репрезентативните обврски. Во денешниот фудбал нема фаворити. Ако одработиме сè што е договорено пред натпреварот, мислам дека нема да имаме никаков проблем“, изјави Чурлинов.

Чурлинов не се вознемирува од големината на името на противникот.

„Противникот воопшто не е важен. Дали е тоа Белгија или Казахстан, тоа воопшто не е тема. Ние играме за Македонија. Се подготвуваме како што треба, анализираме, и ќе се уверите сами во петок дека сме подготвени за овој предизвик“, додаде офанзивецот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наумоски: Коридорот 8 мора да го направиме, за подобро да се поврземе

Следно

Почнува ОФФест со врвни музичари од осум земји

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop