Чупиќ нов тренер на Вардар

June 20, 2025
1 min read

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е промовиран во нов тренер на Вардар 1961 со кој освои две европски шампионски титули во текот на својата кариера.

Чупиќ (39) ја заврши кариера лани и веднаш се посвети на тренерската работа, преземајќи го раководството на клубот од неговиот роден град Метковиќ.

На клупата на Вардар 1961 седна на местото на Аргентинецот Гиљермо Милано, кој доби отказ по поразот на скопскиот клуб од Еурофарм Пелистер на домашен терен во решавачкиот натпревар за титулата во македонското ракометно првенство.

На презентацијата во Скопје, Чупиќ се заблагодари на екипата на Метковиќ што му дозволи да се врати во редовите на Вардар 1961.

„За мене, Вардар е втор дом. Сите многу добро знаете што ми значи тоа. Вардар е голем клуб, Вардар е поголем од сите нас поединечно. Од првиот момент тргнавме професионално и верувам дека по пауза од три години ќе ја вратиме шампионската титула таму каде што ѝ е местото“, рече Чупиќ.

Хрватскиот ракометар го носеше дресот на Вардар 1961 од 2016 до 2021 година, а во 2017 и 2019 година ја освои Лигата на шампиони со клубот од Скопје.

Со хрватската репрезентација Чупиќ освои седум медали од големи натпреварувања – бронза од Олимписките игри во Лондон 2012 година, сребро и бронза од Светското првенство и два сребрени и бронзени медали од Европското првенство.

Соработник на Чупиќ во Вардар ќе биде Марио Келентриќ, поранешен голман на хрватската репрезентација, кој ќе биде тренер на голманите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конечната пресуда за двојното убиство на Вања и Панче на 25 јуни

Следно

Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје и ќе бара негово разрешување

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop