Чупеска: Советниците на премиерот Мицкоски значат уште поголемо влијание на Груевски во Владата

January 29, 2025
1 min read

„Тешка катастрофа е инкриминирани лица да бидат советници на премиерот, тоа значи уште поголемо влијание од сегашното на Груевски. Ние имавме многу прилики да видиме, да слушнеме од бомбите што правеа тие луѓе, така што, си продолжуваат по старите режимски навики“, истакна потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, за емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Чупеска нагласи дека тоа се луѓе коишто директно работеа со Груевски и потсети на дел од работите што го правеше режимот меѓу кои и упадот во Собранието на 27 ми април.

„Најмалку им е место во владата на вакви луѓе, што ќе советуваат, како се прави државен удар? Стварно е толку невкусно тоа што еманира порака према јавноста дека неказнивоста е можна. Да си влезете во Собрание, да ги претепате народните пратеници и никому ништо“, нагласи Чупеска.

Едно е лагалистичкиот пристап но во никој случај не смее моралните и хуманистичките норми, нормите што се врзани за демократијата, којашто е гаранитрана во нашиот Устав да бидат доведени во прашање, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Следно

ВИДЕО: Гори автомобил кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop