Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

May 19, 2025
1 min read

Во интервју за списанието „Предизвици“ потпретседателката на СДСМ и професорка на Правниот Факултет во Скопје, Ана Чупеска, порача дек во време на засилена глобализација, климатски промени и нови геополитички поместувања, државите со различни културни позадини се исправени пред сериозен предизвик – како да го зачуваат својот социјален мир и да обезбедат одржлив економски развој?

Потпретседателката на СДСМ вели дека одговорот лежи во резилиентноста на демократскиот систем.

„Само демократии кои имаат капацитет институционално да ги акомодираат длабоките културни разлики можат да обезбедат стабилност и просперитет“, вели таа.

Мултикултурализмот, според неа, е дел од тој институционален капацитет.

Таа смета дека моделот на Северна Македонија, кој вклучува правична застапеност, диференцирано граѓанство и културна автономија, претставува корисен пример. Но, таа додава дека овие политики мора да се комбинираат со пошироки мултилатерални рамки, како што се ЕУ и НАТО.

„За држави со сложени идентитети, регионалната соработка и сојузништвата се прашање на безбедност, а не само на економија. Во ера на климатски миграции, социјална нестабилност и растечки национализам, одржливоста на едно општество зависи од неговата способност да интегрира, а не да исклучува. Мултикултурализмот, заедно со интеркултурализмот, треба да бидат нашиот одговор на глобалните предизвици. Тоа не е идеологија, туку стратегија за опстанок“, потенцира Чупеска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад

Следно

Стојанче Ангелов во Јапонија на работна посета за управување со кризи

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop