Човек на рехабилитација голтал четкички, пенкала и лажици – му извадиле 50 предмети: Бев гладен (ВИДЕО)

September 30, 2025
1 min read

Хирурзите извадиле 29 лажици, 19 четкички за заби и две хемиски пенкала од желудникот на 39-годишен маж по име Сачин, откако се пожалил на силна болка во стомакот.

Постапката траеше три и пол часа

Сачин бил примен во болница со силна болка, а ултразвучното скенирање покажало присуство на дури 50 туѓи тела во неговиот стомак.

Лекарите прво се обиделе да ги отстранат предметите со помош на ендоскопија, но поради бројот и големината на предметите, било одлучено да се оперира.

Постапката траела три и пол часа, а во неа учествувал тим хирурзи предводен од директорот на болницата, д-р Шјам Кумар. Операцијата била извршена со голема грижа, бидејќи пластичните и металните делови претставувале сериозна опасност за внатрешните органи, објави Тајмс оф Индија.

Сега се чувствува добро

На крајот на краиштата, Сачин објаснил дека почнал да ги голта предметите за време на престојот во рехабилитациониот центар.

Тој тврди дека таму му биле давани мали порции храна, па затоа, совладан од фрустрација и глад, почнал да краде прибор за јадење и четкички за заби, кршејќи ги на парчиња и голтајќи ги со вода.

Лекарите го опишале неговото однесување како екстремна форма на психолошко нарушување, кое може да се појави кај луѓе во состојба на апстиненцијална криза или под интензивен стрес.

Тие додаваат дека ваквите случаи не се чести, но дека укажуваат на важноста од следење на менталното здравје на пациентите на рехабилитација.

Сачин ја преживеал процедурата и бил отпуштен од болница по една недела, во стабилна состојба.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛШ: Галата го „тресна“ Ливерпул, Баерн и Атлетико испорачаа „петарди“ (ВИДЕО)

Следно

Фановите се разочарани од скулптурата на Тина Тарнер во нејзиниот роден град (ВИДЕО)

Latest from Blog

Преку морничава пресметка е предвиден „точниот датум на крајот на светот“- би требало да се случи наскоро

Постојат безброј предвидувања за крајот на светот – едно од најраните е забележано пред речиси 4.800 години, кога еден писател од античка Асирија се пожалил на падот на моралните вредности кај помладата

Меџити од Долна Баница: Време е за конкретни дела, не за зборови

Вечерва во Долна Баница се почувствува силна поддршка од граѓаните за кандидатурата на Невзат Бејта. Без големи зборови и политички театри, жителите изразија јасна и цврста убеденост дека општината има потреба од
Go toTop