Членовите на терористичката организација ФЕТО на закопот на водачот на терористите, Ѓулен, ги криеја лицата со маски

October 25, 2024
1 min read

ЊУ ЏЕРСИ (АА) – Членовите на терористичката организација ФЕТО кои присуствуваа на закопот на водачот на оваа терористичка мрежа Фетула Ѓулен, главно носеа маски обидувајќи се да го сокријат својот идентитет, јавува Анадолу.

Водачот на терористичката организација ФЕТО, Ѓулен, умре на 20 октомври, а членовите и поддржувачите на таа терористичка мрежа се собраа на стадионот „Скајлендс“ во Њу Џерси, Соединетите Американски Држави (САД), на закопот, кој беше извршен без да се бара халал, последно простување, кое инаку муслиманите го практикуваат при испраќањето на умрените.

Локацијата на самото испраќање на водачот на терористите не беше позната до пред поворката, кога поддржувачите на терористичката организација беа информирани преку групите на ВатсАп.

Голем број членови на ФЕТО присуствуваа на настанот со маски на лицето, очила за сонце и качулки, со цел да го прикријат својот идентитет.

Ваквото однесување е препорачано во пораките за времето и локацијата на испраќањето на водачот на терористичката организација, Ѓулен, со порака дека „е потребно да се носат маски, капи и очила, бидејќи ќе присуствуваат и медиуми од Туркије, додека на стадионот ќе се влегува со употреба на QR-код“.

Самиот закоп на водачот на терористите, Ѓулен, е извршен на имотот во Пенсилванија, каде што живееше од 1999 година па до смртта.

– Терористичката организација ФЕТО –

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација која ја предводеше Фетула Ѓулен, кој со години живееше во САД и чија екстрадиција Туркије претходно официјално ја бараше од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата преку местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција.

Неколку години подоцна следуваше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч извршен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна. Ова во неколку наврати го истакнуваа турските власти. За време на обидот за пуч во Туркије, загинаа 253 лица, а над 2.730 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитров: Се надеваме дека ќе има добра волја за заеднички јазик со македонските историчари

Следно

МЗТ Скопје и Куманово го отвораат четвртото кошаркарско коло

Latest from Blog

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.
Go toTop