Членот на обезбедувањето на Мицкоски оддал службена тајна за 50.000 евра

April 1, 2025
1 min read

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на Претседателот на Владата на РСМ, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело Оддавање службена тајна.

Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.

Ценејќи ги околностите јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите, па на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје му предложи на осомничениот да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој предлог беше прифатен од судот.

За ова кривично дело предвидено и казниво по член 360 од КЗ е предвидена затворска казна од најмалку една година.

НАПОМЕНА: Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одекна новата камбана во манастирот во Рајчица

Следно

Претседателката на Европската комисија предупреди на остар одговор на зголемувањето на американските царини

Latest from Blog

ТУРИСТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ И ВО НЕДЕЛА И ВО ПРАЗНИК ЌЕ МОЖАТ ДА КУПУВААТ НА ШИРОК СОКАК

Битола, продолжува да ја зацврстува својата позиција како врвна туристичка дестинација, нудејќи им на посетителите незаборавно искуство низ вековната историја и автентичната архитектура. Култното шеталиште Широк Сокак, со својот уникатен спој

Сувото месо се чува во замрзнувач до 12 месеци

Сувото месо, како храна, честопати се наоѓа во многу домаќинства, па познавачите наведуваат дека многу луѓе прават грешки во чувањето. Како правилно да ја складираат оваа храна? Се истакнува, пред сѐ, дека

Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, каде што присуствуваше на академско кафе со студентите и професорите, како и на свечената промоција
Go toTop