Чибишев: Загадувањето на воздухот, рак рана, Владата стартува со активности да се справи со оваа појава

November 18, 2024
1 min read

Во своето денешно обраќање на емисијата „За или Против“, истакнатиот доктор Андон Чибишев, член на ВМРО-ДПМНЕ и клинички токсиколог, го истакна сериозниот проблем на загадувањето на воздухот во Македонија и неговото влијание на здравјето на граѓаните.

„Во воздухот имаме одредени штетни материи, хемикалии и гасови кои што се над референтните вредности и кои можат да го загрозат здравјето на луѓето, како на краток, така и на подолг рок“, изјави Чибишев.

Според него, загадувањето е резултат на повеќе фактори, како што се развојната индустрија, урбанизацијата и различни процеси кои придонесуваат за зголемено загадување на амбиенталниот воздух.

„Од една страна, имаме развојна индустрија и урбанизација кои го загадуваат воздухот, а од друга страна, институциите не ја вршат својата работа како што треба. Ништо не се превзема за да се санира оваа состојба“, истакна Чибишев.

Како клинички токсиколог, доктор Чибишев го истакна проблемот со загадувачите кои не се доволно јавни, посебно тие кои не се спомнуваат во медиумите.

„Најчесто се зборува за ПМ 10 и ПМ 2.5 честички, кои имаат сериозни последици врз здравјето. ПМ 10 честичките, кои се поголеми, се задржуваат на горните дишни патишта и можат да предизвикаат проблеми со респираторниот систем. ПМ 2.5 честичките, кои се помали, навлегуваат во длабоките делови на белите дробови и ја оштетуваат функцијата на алвеолите“, кажа Чибишев.

Чибишев исто така го нагласи сериозниот ризик од загадувањето со гасови како јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, азотни оксиди и парите на тешки метали.

„Јаглеродниот моноксид, кој се ослободува при согорување на органски материјали, има голема афинитетност да се врзува за хемоглобинот во нашето тело. Кога тоа ќе се случи, нашето тело не може да ги снабдува клетките со доволно кислород“, истакна Чибишев.

Чибишев заклучи дека потребно е сериозно внимание и акција од страна на институциите, како и свест кај граѓаните, за да се спречи понатамошното влошување на ситуацијата и да се заштити здравјето на луѓето.

,,Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на имплементација на нови мерки и стратегии за намалување на загадувањето на воздухот, како и за создавање на поодржлива и здрава животна средина за сите граѓани“, посочи Чибишев.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанците се мост меѓу Македонија и Косово, велат пораките кои Курти и Мицкоски ги пренесоа еден на друг

Следно

Е.Пелистер официјално го претстави Раул Алонсо

Latest from Blog

ЕУ отвора пат за 46 стратешки проекти за критични суровини – каде е Македонија во европската трка за бакар?

Европската Унија дефинираше 46 стратешки проекти за критични суровини, со цел да ги развива различните фази од нивниот синџир на снабдување. Бакарот е меѓу најзастапените суровини во пакетот: 19 проекти го вклучуваат

Општина Битола: Електронско јавно наддавање за закуп на општински простор на Широк Сокак

Предмет на електронското јавно наддавање е давање на деловни простории на ул.„Широк Сокак“ бр.160 Битола, сопственост на Општина Битола.  Увид во урбанистичко планска документација, увид на лице место и увид во сликовен

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан
Go toTop