Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес соопшти дека уапсила четири лица кои планирале атентат врз неименуван висок воен офицер со детонирање на рачно изработена бомба.
„ФСБ спречи терористички напад врз висок офицер на руското Министерство за одбрана, организиран од украинските специјални служби во соработка со лидерите на меѓународната терористичка организација Исламска држава“, соопшти ФСБ, објави Интерфакс.
Тројца руски државјани и едно лице од централноазиска земја беа приведени во Москва.
Извор: tv21