Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

May 16, 2024
4 mins read

На две пратенички столчиња се надеваат четворица кандидати за пратеници од три изборни коалиции. Вака изгледа „веселата математика“ на политичките партии по одлуката на Државната изборна комисија да се прегласува во седум избирачки места од две изборни единици, по спроведените парламентарни избори на 8 мај.

Во петок на 17 мај, кога истекува рокот за одлучување по доставени жалби до Управниот суд, ќе се знае дали има основ за да се прегласува во седум избирачки места, од кои шест во изборна единица 5 и едно избирачко место во изборна единица 6.

Според изборните правила. доколку се прегласува на оние места каде што се запишани околу илјада гласачи, тоа би можело да влијае врз избориот количник.

Поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски објаснува дека ако се потврди на Управен суд одлуката на ДИК за прегласување ќе треба да се направи пресметка според Донотовиот модел дали со прегласување во овие избирачки места ќе се предизвика промена во бројот на мандати.

„ Ако се потврдат одлуките на ДИК, тогаш ќе има сигурно прегласување, ако некои се прифатат, а некои се одбијат, тогаш се зема вкупниот број на гласачи на тие избирачки места, се проверува дали бројот на избирачи одговара со последните мандати освоени, и се прави рекапитулација. По што ДИК одлучува, по сила на закон, ако има влијание врз бројот и еден глас, мора да дозволи прегласување“, објаснува Новаковски.

Право на глас по втор пат на паралментарните избори ќе имаат над четири илјади граѓани, и нивниот избор може да го промени за две пратенички места распоредот на силите во Собранието.

Неколку гласа може да се одлучувачки кој ќе добие пратеник

На 8 мај, за парламентарните избори од запишаните гласачи во спорните седум избирачки места, својот глас го дале 2584 гласачи.

Во петката за ВМРО-ДПМНЕ гласале вкупно 800 луѓе, а за коалицијата предводена од СДСМ вкупно 365. Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ освоила 367 гласа, наспроти 315 гласа освоени од коалицијата Влен.

Во Желино кое е дел од шестата изборна единица, каде што се запишани 992 избирачи, на изборите на 8 мај гласале 479 луѓе. Најмногу гласови од нив „легнале“ на сметка на коалицијата Влен, вкупно 332, додека коалицијата преводена од ДУИ освоила 134 гласа, а СДСМ само 4. Во Желино се бара прегласување затоа што 110 гласачи не гласале со проверка на отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку само со проверка на матичниот број и скенирање на личната карта.

Постојат многу комбинаторики кој би можел да добие или да изгуби пратеник бидејќи некаде разликата е само стотина гласови. Новаковски вели дека во примената на формулата за делење на мандати, на крај може разлика да направат и само неколку гласа.

„ На пример во Желино, каде што има 992 избирачи запишани во списокот, шанса за промена на еден пратенички мандат е голема,“ објаснува тој.

Според пресметките на партиите, најмногу може да изгуби ДУИ, дури двајца пратеници, а СДСМ може да добие еден плус.

Во некои варијанти и,коалицијата предвоена од ВМРО-ДПМНЕ би можело да добие пратеник, до два, но тоа зависи од Донтовиот модел кој може да „пресече“ и за еден глас плус-минус, затоа што разликата во конечниот количник е не повеќе од 200 гласа.

И ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП се надеваат на пратеник плус

Од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО -ДПМНЕ се надеваат на зголемување на нивните 58 пратенички мандати за плус два на сметка на ДУИ која освои 19 мандати. Тие во петта изборна единица очекуваат еден пратеник плус на нивна сметка.

Тоа би значело дека наместо сега веќе избраниот кандидат за пратеник на ДУИ Исмаил Јахоски, татко на сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, во собраниското столче ќе може да седне Лазе Јаќимоски кој беше единаесетти на кандидатската листа. Во 5-ката од оваа коалиција засега е сигурно дека во Собрание ќе влезат првите десет кандидати за пратеници. За да го добијат и Јаќимоски во Собрание ќе им биде потребна победа од најмалку 150 гласа разлика.

„Може да се смени количникот во изборните резултати во петка и во шестка и да влезе по еден пратеник од нашата коалиција, количниците се многу тесни, прегласување е, не може да се знае со сигурност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, шанса за пратеник плус во оваа изборна единица смета дека има и коалицијата предводена од СДСМ, на сметка на Јахоски. Тие се надеваат дека со изборна победа ќе може во новиот паралемтарен состав да влезе пратеникот од ЛДП Боби Мојсовски, кој зад себе има еден пратенички мандат. Според нивните пресметки, на прегласувањето ќе им биде потребни околу 200 гласа повеќе од освоените на 8 мај.

И Влен го мерка столчето на Исаки од ДПА

Во шестата изборна единица, на пратеничкото столче кое го освои досегашната заменик-министерка за надворешни работи Фатмире Исаки од ДПА, дел од коалицијата Европски фронт на ДУИ, може да седне кандидатката за пратеник од коалицијата Влен, Имрлије Салиу Фетаи. Според јавно достапните податоци Салиу Фетаи во ноември 2022 година била вработена во општина Гостивар како помошник раководител на секторот за поддршка на градоначалникот Арбен Таравари.

„Ние очекуваме да има прегласување во Желино, и во едно избирачко место во Гостивар, за кое поднесовме приговор до Управен суд. Со прегласување очекуваме граѓаните да ни дадат поддршка нас во тие избирачки места“, велат од коалицијата Влен.

Но, во нивните мандати ќе има помесување дополнително за еден пратеник. Градоначалникот на Тетово Биљал Касами кој што беше носител на листа во шестата изборна единица нема да се откаже од градоначалничката функција.

„Во однос на моето решение, самите тетовци покажаа дека во Тетово ме чекаат многу работни места, кои се отворени и кои мора да продолжат и ќе мора одговорно да продолжат. Целата оваа битка не беше индивидуална, туку беше битка за Албанците да ви го вратат достоинството“, рече Касами.

ДУИ незадоволна од одлуката за прегласување

Тоа значи дека, ако им се исполнат плановите и добијат едно пратеничко место плус на сметка на Исаки од ДПА, во Собранието ќе седне и Аднан Азири, кој од претходното владејачко мнозинство во 2020 година беше назначен за директор на Македонски железници-Транспорт.

Од друга страна, пак и коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ се надева дека на местото на Исаки, ќе седне Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците во земјава.

Европскиот фронт поднесе жалба до Управниот суд за одлуките на Државната изборна комисија која прифати приговори за неправилности на седум избирачки места, на кои може да има повторно гласање. Според Бујар Османи од ДУИ, јавноста била сведок на брутално кршење на процедурите на ДИК и кражба на изборната волја.

„Мислам дека Управниот суд треба да ги одбие бидејќи нема фактичка основа. Сите одлуки се донесени со политички договор, со мајоризација која уште еднаш ги потсети Албанците на мајоризацијата од 90-тите. Нема основа за овие одлуки, особено во родното место на лидерот на една од овие опозициски политички партии, каде што победија со 2:1, да обжалите таму каде што мислите дека имате контрола врз гласачкото тело, првин е навреда за оние жители на селото Ларце, дека тие се крадци на гласови, но и второ, дека ги контролирате и во повторното гласање ќе можете да извлечете и ја надминете разликата за да можете да го намалите бројот на пратениците на Фронтот“, изјави Османи.

Доколку Управниот суд ги одбие жалбите на Европскиот фронт, Државната изборна комисија ќе треба да одлучи дали ќе има повторно гласање на овие седум избирачки места. Рокот за одлучување истекува во петок ( на 17 мај) навечер.

Според првичните изборни резултати, ВМРО-ДПМНЕ осво 58 пратенички места, ДУИ доби 19, додека СДСМ има 18. Од коалицијата Влен во собранискиот состав влегуваат со 13, а партиите Левица и ЗНАМ со по 6 пратеници.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица

Следно

Билансот на загинати во континуираните израелски напади врз Газа се искачи на 35.272

Latest from Blog

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена.

Тој додаде дека доколку ситуацијата ескалира поради инаетот на Арсовска, Владата, бидејќи е прогласена вонредна состојба, има мерки, има инструменти да го да го реши овој проблем, со тоа што ќе им

Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор

Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, пренесува Индекс. Судот донесе решение со кое го потврди обвинението, кое

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во новото раководство на СДСМ има само верни слуги на Заев

ВМРО-ДПМНЕ со критика за новата структура на раководството на СДСМ. Според нив изборот на новите потпретседатели и функционери во СДСМ е само продолжување на политиката на поранешниот премиер Зоран Заев. Извор: 24vesti.mk

Турскиот претседател Ердоган во Анкара го пречека султанот на Оман, Ал Саид

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес со официјална церемонија го пречека султанот на Оман, Хајтам бин Тарик ал Саид, во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, јавува Анадолу. Посетата
Go toTop