Четирите големи утки на Бајден

March 14, 2024
1 min read

Економска утка:

На почетокот на војната, Бајден тврдеше дека санкциите ќе ја „уништат“ руската економија, принудувајќи ја Русија да ја прекине војната и можеби и да ја забрза промената на режимот. Во реалност, пореметеноста на руската економија беш краткотрајна. До 2023 година, таа има подобри перформанси од Г7. Во меѓувреме, вистинската жртва на санкциите беше Европа, особено германската економија, која се потпираше на евтиниот руски гас за да јакне својот извоз. Како резултат на тоа, војната ги дестабилизира владите ширум Европа – само не онаа на Путин. Наместо да ѝ наштети на руската економија, економската војна на Бајден им наштети на европските сојузници. Тоа е првиот голем удар.

Воена утка:

На почетокот на војната, администрацијата на Бајден порача дека нејзина цел е воено да ја ослабне Русија за да не може повторно да води регионална војна. Медиумите ентузијастички ги засилуваа тврдењата за руската слабост и претстојниот колапс, но во реалноста беше поинаку. Рускиот воено-индустриски комплекс зајакна. Руските фабрики сега произведуваат повеќе артилериски гранати, беспилотни летала, тенкови и друго воено оружје. Всушност, Западот е тој што не може да го следи темпото, со својата атрофирана одбранбена индустриска база. Резервите на Америка се исцрпија многу побрзо отколку што очекуваа воените планери. Големината на руската војска исто така порасна, благодарение на мобилизацијата, доброволците и стапката на жртви што се намалува со текот на времето. Руската армија се навежба на терен, учејќи како да го победuva западното оружје. Прокси-војната на Бајден требаше да ја ослабне руската војска, но ја направи посилна и пострашна.

Диполоматска/ геостратешка утка:

На самиот почеток, Бајден тврдеше дека војната ќе го покаже западното единство, решителност и лидерство, а истовремено ќе го изолира Путин. Но, остатокот од светот не се фати за ова оро. Земјите од БРИКС и поголемиот дел од глобалниот југ одбиваат да ја осудат или санкционираат Русија. На неодамнешната посета на Блискиот Исток, Путин беше пречекан како херој во Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. Санкциите само го направија БРИКС попопуларен; додаде 5 нови членки, со долга листа на чекање на земји кои сакаат да се приклучат. Овие земји гледаат на БРИКС како бранител на нивниот економски суверенитет и потенцијален штит против вечната опасност од американски санкции. Фиона Хил изјави дека Пакс Американа е завршена. И министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека ерата на западната доминација дефинитивно завршила. Наместо да ги зајакне САД и нивното глобално лидерство, војната го катализираше отпорот кон нив.

Хуманитарна утка:

На почетокот на војната, Бајден тврдеше дека неговата политика „ќе му помогне на украинскиот народ“ и „ќе го олесни неговото страдање“. Но, Украина претрпе огромен број жртви, а нејзиното население дополнително значително се намали како резултат на бегалците (главно жени и деца) кои ја напуштаат земјата. Според ОН/Светската банка, населението на територијата контролирана од Украина е намалена од 44 милиони на 28 милиони. О нив, преку 10 милиони се пријавени пензионери. Ова е рецепт за демографски колапс. Наместо да ѝ помогне на Украина, прокси војната на Бајден ја осуди.

Дејвид Сакс

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонската армија за 230 милиони евра ќе се опреми со осум италијански хеликоптери

Следно

ФОТО+ВИДЕО: На денот на роденденот на Богдана на Вељко Ражњатовиќ му се случи нешто лошо, еве ги деталите

Latest from Blog

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,
Go toTop