Четири лица загинаа, а 19 се повредени во руски напад врз Киев

January 9, 2026
1 min read

Во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта, четири лица загинаа, а 19 се повредени, објави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

„Русите го нападнаа Киев со беспилотни летала. Беа погодени станбени згради, четири лица загинаа, а 19 беа повредени. Во округот Дарница, беспилотно летало се урна во дворот на станбена зграда. Продавницата до зградата беше делумно оштетена“, објави Кличко на Телеграм, пренесува Укринформ.

Кличко изјави дека избувнал пожар во нестанбена зграда во округот Дњепар и во станбена зграда во Печерскиот округ, а неколку автомобили биле запалени и како резултат на падот на остатоците од беспилотното летало.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес го славиме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Следно

Симеоне за инцидентот со Винисиус: Не се сеќавам, имам лошо памтење

Latest from Blog

Трамп најави нови напади врз Иран доколку преговорите во Пакистан пропаднат

Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп нагласи дека воените подготовки се во тек и дека американските бродови се опремуваат со најмодерно вооружување. – Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата

Селекторот на младите е нов привремен А-селектор на Италија

Италијанската фудбалска федерација одлучи, селекторот на У21 репрезентацијата Силвио Балдини, да го назначи за привремен селектор на А репрезентацијата за јунските пријателски дуели. За овој период на трети и седми се планирани

Проданоски: Прилеп ја негува историјата и традицијата на македонската артилерија

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, со свеченост беше одбележан 10 Април – Денот на артилерискиот баталјон на Армијата. На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој им оддаде признание
Go toTop