Честитка од претседателката Сиљановска по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

August 2, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод големиот државен празник 2 Август – Илинден, порача дека Илинден е повеќе од празник, тој е сржта на македонската историја, срцето на Републиката и душата на државноста.

„Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост!“, истакна Сиљановска-Давкова, нагласувајќи дека 2 Август ги симболизира двата Илиндена – Крушевскиот од 1903 година, кој ја роди идејата за Републиката, и АСНОМ-скиот од 1944 година, кој ја оживеа таа идеја преку државна конституција по победата.

Претседателката подвлече дека првиот Илинден бил искра и ослободителен крик, а вториот – пламен и реализација на народноослободителната борба. „Илинден е приказна што се пишува со крв и солзи, порази и победи“, рече таа.

Сиљановска-Давкова потсети дека Републиката не се наследува, туку се изборува и заслужува, а празникот нè обврзува да создадеме држава во која вреди да се живее, држава во која граѓаните ќе остануваат, а не ќе заминуваат.

„Илинден е пример за обединување заради заедничка цел и општо добро“, порача таа, упатувајќи тивка заклетва пред Никола Карев, Питу Гули, Даме Груев, Гоце Делчев и сите знајни и незнајни борци, дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена ниту засрамена.

„Драги потомци на славните илинденци, од срце ви го честитам Илинден, празникот над празниците. Нека е вековита македонската република! Нека ни е вечен Илинден!“, стои во честитката на претседателката.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Крушево, Пелинце и Скопје се слават трите Илиндени

Следно

Палестински тинејџер умре од глад во Газа поради израелските ограничувања на хуманитарната помош

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop