Чешката полиција истражува дали денешниот напаѓач на Карловиот универзитет пред една недела убил татко и бебе

December 21, 2023
1 min read

Според Вондрашек, полицијата работи на откривање дали напаѓачот од Карловиот универзитет е одговорен и за двете жртви кои минатата недела биле најдени во шума во близина на Прага

Шефот на чешката полиција Мартин Вондрашек и министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на денешната прес-конференција / ФОТО: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Шефот на чешката полиција Мартин Вондрашек вели дека во зградата на факултетот, каде попладнево беа убиени 15 лица, а 24 беа ранети, пронајдено е поголемо количество оружје.

„Можевме да имаме многу повеќе жртви доколку не беше брзата полициска реакција. Пред малку бев на местото на страшното злосторство, во зградата на факултетот видов огромен арсенал оружје и муниција. Да не беше брзата интервенција на полицијата, ќе имаше многукратно повеќе жртви. Кога напаѓачот пукал, полицијата возвратила и направила се што е во нивна моќ“,

додаде Вондрашек.

Според Вондрашек, полицијата работи на откривање дали напаѓачот од Карловиот универзитет е одговорен и за двете жртви кои минатата недела биле најдени во шума во близина на Прага.

„Работиме многу сериозно со верзијата, која во моментов е многу реална, дека напаѓачот од Факултетот за уметности е одговорен и за двете жртви од крајот на минатата недела кои се 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка“,

рече Вондрашек, додавајќи дека жртвите се избрани по случаен избор.

Полицијата во моментов го истражува идентитетот на жртвите од Карловиот универзитет. Според Вондрашек, сите го загубиле животот во зградата на универзитетот, иако полицијата нашла еден од мртвите како лежи надвор на улица.

Како што информираше чешката полиција денешниот напаѓач е 24-годишниот ученик Давид Козак од Кладенско, кој досега нема криминално досие. Тој денот го почнал со убиство на својот татко во селото Хостоун, 20 километри западно од Прага, а потоа отишол во центарот на градот.

Полицијата соопшти дека тој требало попладнево да присуствува на предавање во посебна универзитетска зграда на улицата Челетна, на неколку минути пешачење од факултетот и недалеку од Стариот градски плоштад во Прага. Полицајците отишле таму барајќи го пред да се случи пукањето.

Шефот на полицијата Мартин Вондрашек, вели дека иако не е потврдено, од информации на профил на социјалните мрежи, напаѓачот наводно бил инспириран од напад во Русија на 7 декември во Брјанск, кога 14-годишно девојче донело пушка во своето училиште и убила соученичка пред да го сврти пиштолот кон себе и да си го одземе животот.

„Тоа било однапред испланиран ужасен чин што започнал пред неколку дена и заврши тука“,

додаде тој.

Вондрашек додаде дека се истражува дали напаѓачот е убиен од полициски куршум или си го одзел животот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пендаровски не е изненаден од изгледот на аамериканската „црна листа“

Следно

ОН: Повеќе од половина милион луѓе во Газа се соочуваат со глад

Latest from Blog

Мик Шумахер го напушта Мерцедес

По две години, Мик Шумахер ќе го напушти Мерцедес, каде што беше резервен возач, а работеше на симулаторот и даваше повратни информации во текот на тестовите и на трките. Покрај обврските во

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните
Go toTop