Челзи со официјална понуда за Санчо неколку часа пред затворањето на прозорецот

August 30, 2024
1 min read

Челси доставиле официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Џејден Санчо, информира италијанскиот стручњак за трансфери Фабрицио Романо.

Понудата е за позајмица со опција за купување, со првични услови слични на оние кои ги нуди Јувентус, но целокупниот пакет за крилниот напаѓач е финансиски посериозен. Самиот фудбалер е отворен за можноста да се пресели во Челси. „Старата дама“ се повлече од разговорите со „црвените ѓаволи“ и нема да се врати доколку не се намали цената.

Оваа информација од Романо доаѓа само еден час откако менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека Санчо ќе остане на „Олд Трафорд“ и ќе се смета на него. Крилниот напаѓач не беше вклучен во составот за првите два натпревари во Премиер лигата. В недела „црвените ѓаволи“ го пречекуваат Ливерпул во 17 часот по македонско време.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лашкоска: Една третина од отпадот завршува во нашата околина

Следно

Арсовска му испрати отворено писмо на Мицкоски

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop