Челникот на Хамас во Газа подготвен за спроведување размена на заробеници со Израел

October 29, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Шефот на Хамас во Газа соопшти дека неговата група е подготвена да склучи непосредна спогодба за размена на заробеници со Израел, јавува Анадолу.

Јахја ал-Синвар рече дека палестинската група на отпорот е „подготвена да склучи договор за итна размена на заробеници“ со Израел во кратко соопштение – негово прво од почетокот на судирот меѓу палестинските групи и Израел на 7 октомври.

Тој додаде дека договорот мора да вклучува „ослободување на сите палестински затвореници од израелските затвори во замена за сите затвореници што ги држи палестинскиот отпор“.

Портпаролот на израелската војска рече дека понудата е „психолошки терор“ од Хамас.

Рано вчера, военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, соопштија дека се подготвени за договор за размена на затвореници што ќе ги „испразни израелските затвори“ и ќе овозможи враќање на сите палестински и израелски затвореници, било во форма на еден сеопфатен договор или во фази.

Бригадите Ал Касам претходно соопштија дека држат 200-250 заложници, меѓу кои војници и цивили.

Израелската армија досега призна дека има 230 „заложници во Газа“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со мала облачност и слаб ветер, температурите до 28 степени

Следно

Фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop