Челникот на Хамас, Ханије, пристигна во Египет на разговори за израелската офанзива во Газа

December 20, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Исмаил Ханије, шеф на политичкото биро на Хамас, пристигна во Каиро, главниот град на Египет, на разговори со египетските власти за израелската воена офанзива врз Појасот Газа, во која се убиени повеќе од 19.000 Палестинци, јавува Анадолу.

Палестинската група Хамас соопшти дека Ханије, меѓу другото, ќе разговара со египетските власти за најновиот развој на настаните во врска со ционистичката агресија на Газа.

Не се соопштени конкретни детали.

Палестински извор за Анадолу изјави дека се очекува Ханије да се сретне со Абас Камел, шефот на египетската разузнавачка служба, а разговорите ќе вклучуваат ставање крај на израелските воени акции и укинување на блокадата на Појасот Газа.

Изворот рече дека разговорите би можеле да послужат како прелиминарен чекор кон уште еден договор за размена на заложници и затвореници со посредство на Египет и Катар.

Сепак, изворот нагласи дека „Хамас останува непоколеблив во својот став, инсистирајќи на прекин на непријателствата во Газа и повлекување на израелските сили пред да се вклучат во преговори за размена на заробеници.

Пред да замине за Египет, Ханије во Доха се состана со иранскиот министер за надворешни работи, Хусеин Амир-Абдолахиан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски, наместо да замајува јавност, нека каже за колку го продава Карпош

Следно

Уставен суд: Времено се запира впишување на националноста во матичните книги на родени, венчани и умрени

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop