Чавушоглу: „Туркије ги виде големата солидарност и великодушност на меѓународната заедница по разорните земјотреси“

March 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије доби огромна солидарност и великодушност од меѓународната заедница по големите земјотреси минатиот месец, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува Анадолу.

„Ги видовме огромната солидарност и великодушност на меѓународната заедница. Спасувачките тимови од целиот свет се изложија на ризик да ги спасат жртвите.“

„Ние сме благодарни. Никогаш нема да заборавиме на помошта на нашите пријатели“, рече Чавушоглу на Меѓународната донаторска конференција во Брисел.

Конференцијата е организирана од Европската комисија и шведското претседателство со Советот на Европската Унија за поддршка на жртвите погодени од разорните земјотреси на 6 февруари во Јужна Туркије.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа – и однесоа животи на повеќе од 50.000 луѓе.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во Северна Сирија.

Туркије сега преминува во фаза на закрепнување и реконструкција, рече Чавушоглу, додавајќи: „Зголемувањето на отпорноста на катастрофи е само една цел.“

„Задоволувањето на потребите на оние во ранливи ситуации ќе биде приоритет“, вети тој.

„Земјотресите погодија 1,7 милиони сириски бегалци и мигранти што живеат во нашите 11 области. Тие, исто така, ќе имаат корист од овие напори на инклузивен начин“, нагласи тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Туркије никогаш нема да ја заборави меѓународната солидарност покажана по земјотресите“

Следно

Градилиште зад Универзална сала „проголта“ дел од улицата „9 мај“

Latest from Blog

Божиновска: По форумот во Скопје, заеднички фокус со УНЕЦЕ на женското лидерство во енергетиката

Проширувањето на Мрежата на жени во енергетската дипломатија и продолжувањето на иницијативите од првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје беа теми на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални

Како почвата влијае врз раниот раст и развој на растенијата? – 80 ученици искуствено научија

Ова беше училишниот истражувачки предизвик што со задоволство прифатија да го истражат и одговорат дури 80 ученици од 8 основни училишта од различни делови на Македонија! Под менторство на 8 наставници, тие

ЗЕЛЕНСКИ СО ОСТАР КОМЕНТАР КОН ТРАМП – Го спомена и Хитлер!

Володимир Зеленски изрази длабока фрустрација кон САД, критикувајќи го Доналд Трамп што го нарече Владимир Путин „мој пријател“ и истакнувајќи дека доцнењето во испораката на клучни противбалистички ракети чини човечки животи во
Go toTop