Чави: Барселона ќе се врати уште посилна во Лигата на шампионите следната сезона

April 17, 2024
1 min read

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, по поразот од ПСЖ (1:4) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, е убеден дека следната сезона тимот ќе оди уште подалеку.

– Додека натпреварот беше 11-на-11, ние бевме добро организирани. Текот на натпреварот целосно се промени по исклучувањето на Арухо. И покрај тоа што бевме во малцинство, имавме шанси за уште некој гол. Не ни беше лесно бидејќи игравме со десетмина. Би било интересно да се види како ќе беше резултатот доколку тимовите останеа рамноправни. Мислам дека достојно се покажавме во оваа ЛШ. Барселона ќе се врати посилна следната сезона и ќе оди уште подалеку, изјави Чави.

ПСЖ победи со вкупен резултат (6:4) и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде ќе игра против Борусија Дортмунд.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ РАДУВАМ ШТО ХЕДА ГАБЛЕР МИ СЕ СЛУЧУВА БАШ СЕГА, ВЕЛИ АКТЕРКАТА САЊА АРСОВСКА ЗА НОВАТА ПРЕМИЕРА ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР

Следно

Обожаватели на Тејлор Свифт загубиле над милион евра од лажни интернет- понуди за влезници

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop