Чаби Алонсо се прости од Реал:“ Не испадна како што сакавме…“

January 13, 2026
1 min read
ФОТО: Real Madrid FC/FB

По само шест – седум месеци престој на “Сантијаго Бернабеу“, Чаби Алонсо вчера доби отказ. “Кралевите“ го назначија Алваро Арбелоа за негов наследник кој веќе денеска работеше со екипата.

Чаби Алонсо за прв пат јавно проговори откако ја напушти клупата на Реал Мадрид и во порака на социјалните мрежи призна дека неговиот седуммесечен мандат не ги исполни очекувањата.
Шпанскиот тренер, кој пристигна летово од Баер Леверкузен по историска сезона во Бундеслигата, изјави дека работата во Мадрид не одела според планот, но дека не сакал да остави горчлив впечаток зад себе.
„Оваа професионална фаза е завршена и не испадна онака како што сакавме. Тренерството на Реал Мадрид беше чест и голема одговорност. Им се заблагодарувам на клубот, на играчите и пред сè на навивачите на Реал за нивната доверба и поддршка. Си заминувам со почит, благодарност и гордост затоа што дадов се од себе“, напиша Алонсо на социјалните мрежи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

10-та еврообврзница реализирана со рекорден интерес од инвеститорите

Следно

Висока мода на мразот на Гренланд: 39 години подоцна

Latest from Blog

Втора победа на “волците“ сезонава: Гомеш и Гомеш ја шокираа Астон Вила!

ФОТО:facebook.com/wolves/ Вулверхемптон ја победи Астон Вила на домашен терен со резултат од 2:0 во натпреварот од 28-то коло од англиската Премиер лига. Старата поговорка „нема фаворити во дербито“ можеби е излитена, но

Бил Клинтон сведочи за Епштајн: Не видов и не направив ништо лошо

Во своето воведно излагање пред членовите на комисијата, Клинтон потврди дека „не видел ништо“ и дека „не направил ништо лошо“. Неговото сведочење, кое се одвива зад затворени врати во Чапаква, Њујорк, следи

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични автобуси

Министерствто за транспорт денеска објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за
Go toTop