Чаби Алонсо: Екипата беше многу мотивирана, одигравме одличен меч

October 26, 2025
1 min read

Фудбалерите на Реал Мадрид ја надиграа и заслужено ја совладаа Барселона со 2:1 во денешниот натпревар од шпанската Ла Лига. По натпреварот, тренерот на „кралевите“, Чаби Алонсо го даде своето мислење за победата и перформансот на својот тим.

„Многу сум задоволен од настапот и од победата. Вложивме и жртвувавме многу за да го спремиме овој натпревар и на крајот сме задоволни со исходот. Овој триумф значи повеќе од само три бода, ова е победа која им беше потребна на навивачите и на фудбалерите. Игравме одлично со, но и без топка и ја контролиравме играта.“

Шпанскиот стратег ја прокоментира ситуацијата со Винисиус, но и коментарите кои пред натпреварот ги упати Ламин Јамал.

„Видов многу добри нешта од Вини на денешниот натпревар. Верувам дека неговата реакција беше избрзана и за тоа ќе разговараме подоцна. Сега е време да славиме.“

„Екипата беше многу мотивирана. Пред натпреварот разговаравме за тоа што може да значи победа против лутиот ривал, не само поради трите бода, туку и поради се она останато кое се случуваше надвор од терените. Во секој случај ние нема да се фокусираме кон тоа. Најмногу сум среќен поради момците, им требаше еден ваков триумф за доказ дека можат да победуваат во големите натпревари.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедија во Аргентина: Автобус падна во река, најмалку девет загинати

Следно

Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност – резултатот е одличен!

Latest from Blog

Мексико воведува високи царини на стотици производи од Кина

Сенатот на Мексико одобри пакет нови царини што ќе погодат стотици производи, од кои многу доаѓаат од Кина. Претседателката на парламентот, Клаудија Шајнбаум, изјави дека мерките се неопходни за зголемување на домашното

Совети за безбедно чистење на телевизорот без да го оштетите

Модерните телевизори имаат чувствителни LCD, LED и OLED екрани, па затоа правилното чистење е од суштинско значење за да се избегнат гребнатини, трајни дамки или оштетување на заштитниот слој. Прашината, отпечатоците од

Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот ќе учествуваат високи претставници на влади, меѓународни организации, како и претставници од деловниот сектор и

Министерката за финансии со две обраќања на престижниот Истанбулски економски самит

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот ќе учествуваат високи претставници на влади, меѓународни организации, како и претставници од деловниот сектор и
Go toTop