Бугарското МНР се огради од изјавите на Џамбаски со порака дека не помалку опасни се и маргиналните партии во С Македонија  

January 17, 2023
2 mins read

Од бугарското МНР нагласуваат дека јавните изјави со кои се навредува или провоцира другата страна, се „апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни“ и тие не го го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не можат да се толкуваат како такви

Во исто време, велат од бугарското МНР, не помалку опасни за билатералните односи се и апелите на маргиналните партии во Северна Македонија против бугарските политичари и јавни личности кои се залагаат за заштита на правата на Бугарите во Северна Македонија и проектите за зближување на луѓето меѓу двете земји

Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска преку писмено соопштение, објавено на нејзината интернет-страница се огради од навредливите изјави искажани во саботата за време на чествувањето на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева на Кејот на Вардар во Скопје. 

Министерството за внатрешни работи на Бугарија/Фото: mfa.bg

Од бугарското МНР нагласуваат дека јавните изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се „апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни“ и тие не го го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не можат да се толкуваат како такви.  

„Министерството за надворешни работи го потврдува својот категоричен став дека политичарите и јавните личности од Бугарија и Северна Македонија имаат одговорна улога во градењето доверба и развивање на добрососедски односи меѓу двете земји, како и во намалувањето на тензиите во јавниот простор“,

се наведува во соопштението.  

Во него се нагласува и дека имајќи ја предвид заедничката историја што ги врзува двете земји, одбележувањето на заедничките историски настани и личности, како што е годишнината од смртта на Мара Бунева, треба да доведат до зајакнување на довербата и добрососедството.  

Во исто време, велат од бугарското МНР, не помалку опасни за билатералните односи се и апелите на маргиналните партии во Северна Македонија против бугарските политичари и јавни личности кои се залагаат за заштита на правата на Бугарите во Северна Македонија и проектите за зближување на луѓето меѓу двете земји.  

„Ваквиот пристап има очигледна цел да создаде дополнителна тензија во билатералните односи во интерес на кругови кои не се заинтересирани за европската интеграција на Република Северна Македонија. Добрососедските односи со нашите пријатели во Скопје ќе се градат со дијалог, а не со забрани“,

се подвлекува во соопштението.  

Соопштението на бугарското МНР доаѓа откако во неделата, ден по чествувањето на смртта на Мара Бунева и навредливите изјави што го придружуваа, македонското Министерството за надворешни работи информираше дека по дипломатски канали реагирало и побарало од официјална Софија да се огради од недоличните изјави на „одредени маргинални политички фигури„ од Бугарија. 

„Маргиналните политички фигури“, на кои алудираа од МНР, се однесуваше на претставниците на партијата ВМРО-БНД од Бугарија, конкретно на нејзиниот копретседател и европратеник, Ангел Џамбаски, кој беше главен говорник на чествувањето.   

Тој во своето обраќање пред присутните и овој пат не се воздржа од провокативната реторика околу историјата и односите меѓу двете земји.    

Во тој конктекст, Џамбаски во дел од својот говор ги повика „владејачките елити во С Македонија да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната“. 

Движејќи се кон местото, каде е поставена спомен-плочата на Мара Бунева на Кејот на Вардар во Скопје, со црвено-црвен транспарент со ликот на Иван (Ванчо) Михајло и натпис на истоимениот културен центар, присутните извикуваа „Бугари јунаци“ и „Мизија, Тракија, Македонија“.    

Со последниот слоган тие алудираа на трите географски области кои според националистичките бугарски кругови ја сочинуваат „Голема Бугарија“.   

Премиерот, Димитар Ковачевски, коментирајќи го настанот на барање на новинарите  рече дека станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бочварски: За 2022 година изградивме два експересни патишта, Штип – Радовиш и Штип – Кочани

Следно

Се уште неизвесно дали АА ќе биде дел од Владата

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop