Бугарија ќе ги суспендира сите меѓудржавни проекти со Северна Македонија

January 26, 2023
1 min read

Бугарскиот министер за надворешни работи одлуката ја објави по сослушувањето во бугарскиот парламент, а доаѓа како одговор на претепувањето на Пендиков. Тој зборуваше и за одбележувањето на 4 февруари – денот на раѓањето на Гоце Делчев порачувајќи дека ако Скопје забрани влез на Бугари, тогаш Бугарија ќе реагира негативно

Принтскрин / БНТ

Бугарија ќе ги прекине сите заеднички меѓудржавни проекти со Република Северна Македонија поради претепувањето на Христијан Пендиков, објави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков откако денеска беше сослушан од собраниската Комисија за надворешни работи.

Тој појаснува дека Софија нема да ја запре европската интеграција на Скопје бидејќи, тврди, Северна Македонија никогаш и не започнала преговори.

Затоа, запирањето на заедничките проекти ќе биде дел од бугарската реакцијата за случајот со Пендиков. Тој смета дека е цинично во ваква ситуација со Скопје да се разговара, на пример, за заедничка еколошка патека.

„Сите сме на мислење дека работите не можат да продолжат како што беа. Во моментов тоа не е продуктивен пристап. Мора јасно да се стави до знаење дека работите се сменија. Работите нема да продолжат, ќе разгледаме повеќе компоненти и елементи на нашата билатерална соработка со оваа наша соседна земја“,

вели Милков.

Тој побара властите во Северна Македонија да се погрижат да има одговорност за тепањето на Пендиков, а тврди дека охриѓанецот кој се декларира како Бугарин, добива закани и во болница.

„Не може болницата во која тој се лежи да прима закани преку Интернет. Тоа зборува за целосната неказнивост и увереноста на овие лицата кои ги испраќаат овие закани дека нема да бидат идентификувани“,

вели бугарскиот министер.

За жал, рече тој во изјавата за медиумите, досега добивме многу гаранции кои не се исполните туку напротив има ескалација на тензиите во Северна Македонија.

Тој зборуваше и за одбележувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, за што порача дека ако Бугарите бидат запрени на границата на Северна Македонија и не им се дозволи да одат во Скопје да го одбележат денот, Бугарија ќе реагира негативно.

Покрај Милков, во собраниската Комисија за надворешни работи денеска беше сослушан и бугарскиот амбасадор во Северна Македонија, Ангел Ангелов, кој пред неколку дена беше вратен во Софија за консултации. Во изјавата по седницата тој рече дека во најмала рака е изненаден од различните информации од институциите во Северна Македонија.

Ангел Ангелов / Фото: МИА (архива)

„Не може обвинителството во Охрид да отвори случај мотивиран од омраза, а вчера вечерта на некоја телевизиска програма се јави заменик-министерот за локална самоуправа и рече дека Христијан бил нападнат бидејќи дошло до судир меѓу наркодилери. Христијан Пендиков со странски пасош си замина од РСМ. Никој не го бара на територијата на РСМ“,

вели Ангелов.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Какви се тенковите „абрамс“ – едно од најмоќните копнени оружја во американскиот арсенал

Следно

Барселона уште не може да го регистрира Гави

Latest from Blog

Коњановски: Битола ги слави слободата и достигнувањата на своите сограѓани

Актерката Соња Михајлова е добитничка на наградата „4 Ноември“ за животно дело, додека признанијата за едногодишни достигнувања им припаднаа на професорот д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и спортскиот учител Кире Марков.

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација
Go toTop