Бубевски за РСЕ: Застареноста на делото на Даравелски е завршена работа, но може да се оди на конфискација на имотот 

February 19, 2023
2 mins read

„Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа. Но можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова“, вели Бубевски во интервјуто за РСЕ

Според шефот на Основното јавно обвинителство Гаврил Бубевски застареноста на делото на Драган Даравелски е завршена работа, но ќе има простор да се оди на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што тоа, вели обвинителот во неделното интервју на Радио Слободна Европа, не зависи од застарувањето.  

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски/Фото: Принтскрин

Откако Основниот кривичен суд Скопје, како и Апелацискиот суд му дозволија на Даравелски да добие ново судење повикувајќи се на законската одредба дека од моментот кога тој дознал за пресудата до моментот кога го поднесе барањето (11 јануари 2023) не поминале повеќе од една година извесно е дека поранешниот директор на Царината ќе остане на слободасо оглед дека за делото злоупотреба за службената положба и овластувања настапила апсолутна застареност. 

Бубевски вели дека тие како Обвинителство дале свое мислење во врска со барањето на Даравелски за повторување на постапката кое било негативно но оставиле на Судот да одлучи за евентуално преземените меѓународни обврски доколку, како што вели давале одредени гаранции кои не се во надлежност на Јавното обвинителство.  

„Судот донесе своја одлука во која сметаше дека рокот не е поминат, односно дознавањето за пресудата го сметаше во рокот од една година од кога дознал. Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа. Но можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова“,  

вели Бибевски во интервјуто.

Даравелски се гонеше дека делото го сторил во периодот од 1999 до 2002 година, а му се судеше во отсуство со оглед дека избега во Србија каде што помина околу две децении. 

Двапати беше приведуван од српските власти врз основа на потерница распишана од македонските судови, но никогаш не беше испорачан. Државата, во меѓувреме, во четири наврати бараше и екстрадиција, но залудно. 

Тој им стана достапен на домашните органи на прогонот кога на 10 јануари годинава сам се појави на граничниот премин „Табановце“, каде што веднаш беше приведен и префрлен во затворот „Идризово“. Веќе наредниот ден поднесе барање, а откако му беше одобрено по 35 дена поминати во ќелија излезе на слобода од каде што ќе го чека новото судење. 

Во контекст на прашањето со застарувањата на кривичните дела, Бубевски е оптимист дека до такво нешто нема дојде во случајот „Таргет-Тврдина“ што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство од кои и самиот беше дел. Овој случај, во кој меѓу обвинетите е и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков еднаш доби правна разрешница, но Апелацискиот суд кон крајот на минатата година ја укина првостепената пресуда и го врати предметот на повторно судење. Идентичен беше случајот и предметот „Трезор“, каде Мијалков исто така е обвинет. Новиот судските процес за „Трезор“ почна оваа недела.  

„Сметам дека во контекст на `Таргет-Тврдина` нема да доjдe до таков епилог бидејќи имаме сериозно време во кое што може да се произнесат сите инстанци по однос на овој кривично правен настан. Во врска со `Титаник 2`  тука постои поголем страв од застарување во однос само на обвинетиот Сашо Мијалков, во однос на другите обвинети нема опасност од застареност на нивните дејствија. Во однос на Мијалков има таква опасност, како што кажавте и вие, тоа е април. Но, пресудата основниот суд ја изготви во брзо време, така да сметам и очекувам дека и во овој случај ќе има одлука во рокот во којшто е предвиден пред да настапи застареност за обвинетиот“,

вели шефот на ОЈО Скопје.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали програмата за култура е само уште еден чекор во ништењето на македонската нација преку македонскиот театар?

Следно

Туркије: Посилен земјотрес регистриран во Малатија, опасност од уривање на одредени згради

Latest from Blog

Барса загрижена за Араухо, Флик пикирал неговата замена и тоа бомбастична?

Фото: ФЦ Барселона X Роналд Араухо минува низ најтешкиот период од својата кариера. Уругваецот побара од Барселона привремено да се повлече поради психолошки проблеми поради огромните критики против него. Агентите на Араухо

Мицкоски: Овој Конгрес не е само организациска обврска, туку мост меѓу она што бевме и она што мора да станеме

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин” во општина Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата

Комерцијална банка и Макпетрол со најголем неделен промет, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 1 до 5 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 280 трансакции со вкупна
Go toTop